Рускиот претседател ги повика Русинките да имаат осум или повеќе деца и да направат големите семејства да бидат новиот стандард, откако земјата повеќе од 30 години, од почетокот на 1990-те, константно има пад на популацијата.
Во следни 4 минути на планетава ќе бидат родени 1.000 бебиња (и така на секои 4 минути). Иако Индија и Кина се заковани на врвот со 172 односно 103 од овие бебиња, најголемото разочување доаѓа од Европа (не ЕУ, туку Европа) која е стигната до разочарувачки низок наталитет.
Шведска требаше да ја исполни десетката дури следната деценија. Но, статистичките проценки не ја земаа предвид улогата на бегалскиот квасец во прирастот на населението.
Иако старите Јапонци сè поинаетливо го одложуваат умирањето, не можат бројно да ѝ помогнат на нацијата со килава младина: над 40 посто полнолетни млади луѓе се девици. Не во хороскоп.
Иако глобалното сексуално образование генерално промовира апстиненција и пазење, Данците под притисок на се помалиот број новороденчиња малку го проширија ова во спротивен правец и го дополнија со предупредување до тинејџерите за ризиците од предолго чекање да имаат деца.
Во некои од американските кругови постои загриженост од фактот што фертилитетот на американската жена е на рекордно ниско ниво. Па паника што ќе стане со нацијата и слично. Разумните потсетуваат дека наместо за бројките, попаметно е да се води сметка за поддршка на постоечките семејства.