Шведска денеска треба да наполни 10 милиони жители, 4 години порано отколку што беше предвидено.
Статистичкиот уред на оваа скандинавска земја во 2010 година предевидуваше дека десетката ќе биде раситнета во 2021 година но во меѓувреме реалноста се смени.
Последниве години населението на Шведска расте со прираст од 4 проценти годишно зад што стои физичкиот број на дојденците и зголемениот наталитет.
Да важеше балканската злорадост таму, муабетот на Швеѓаните со нивните соседи на оваа тема сега ќе изгледаше вака:
- Ај, нека ви се множат.
- Ај па да ви се врати.