Го немаше во составот ниту во првото коло, ниту во второто, ниту во третото и четвртото. Заигра дури во петтото и даде убав гол против Фулам. Од тогаш до синоќа демонстрира страшна форма со многу голови и асистенции.
Знаете она кога песната почнува тивко, се гради мелодија, па дури по добри дваесетина секунди (во порадикални случаи и повеќе) ќе го чуеш вокалот. Од кога немаме слушнато ваква нова песна?
На глобалниот индекс на здравјето, од 166 земји Македонците го држат 44 место. Не е тоа сјајна позиција но е подобра од рангирањето на повеќето македонски репрезентации.
Кои познат писател употребува најголем број клишеа? Дали има нешто заедничко во начинот на којшто се напишани големите книги - класиците и современите бестселери? Дали мажите и жените пишуваат различно? Кои зборови постојано се повторуваат во нивните дела? Ова се некои од прашањата на кои се обидува да одговори нова книга.
Шведска требаше да ја исполни десетката дури следната деценија. Но, статистичките проценки не ја земаа предвид улогата на бегалскиот квасец во прирастот на населението.
Боуви, Принс, Харпер Ли, Алан Рикман, Мухамед Али, Џорџ Мартин, Леонард Коен...Годинава што изминува ни изгледаше посебно смртоносна за познатите личности. Дали навистина 2016 беше „проколната“?
Англичанецот Мат Нејл на 15 години почнал да доставува извештаи за играчи до ултра популарната видео игра Football Manager. Откако напредувал, го вработиле во англиски четвртолигаш каде работи како аналитичар.
Ако Диего Симеоне ја погледне статистиката меѓу Барселона и Атлетико Мадрид во однос на тоа кој ги постигнува головите, тогаш цела одбрана треба да ја насочи за да го сопре Меси.
Секој има своја замисла како изгледа типичниот живот во Америка. За некого тоа се едноличните дворчиња и поштенски сандачиња, за некого бината на CBGB со Иги Поп на неа. Статистиката пак дава своја, не најбитна ама занимлива перспектива. Жално е колку најубавите години од животот имаат премал удел во целиот колач наречен живот.
Задутре во Берлин, Барселона ќе има прилика по петти пат да го крене трофејот од ЛШ, а Јувентус ќе игра за третата европска титула. Според букмејкерите, Барселона е фаворит.
Последниве 15 години ниту една книга напишана од жена, а во која истовремено работите се раскажани од аспект на женски лик, нема добиено ни Пулицер, ни Букер, ни бутур. Ако не верувате, погледнете ги овие дијаграми.