Куса историја за четвртфиналните двојки од Лигата на шампионите.
- Барселона и Атлетико Мадрид се сретнаа во четвртфиналето во сезоната 2013/2014. Атлетико Мадрид победи на домашен терен со 1:0, а претходно на Камп Ноу беше 1:1. Таа сезона Атлетико стигна до финале и загуби од Реал.
- Трета година по ред тимот на Диего Симеоне се среќава со шпански противник во четвртфиналето. Пред една година беа елиминирани од Реал Мадрид со вкупни 1:0.
- Каталонците имаат шест победи на последните 6 соочувања на кои Лионел Меси постигна 5 голови.
- Аргентинскиот напаѓач има постигнато 25 гола на 27 средби против Атлетико вклучувајќи три хет-трикови.
- ПСЖ и Манчестер Сити имаат само едно соочување во на меѓународна сцена. Тоа се случи во групната фаза од Лига Европа во сезоната 2008/2009.
- Баерн Минхен нема пораз на дуелите со Бенфика. На нивните шест соочува бележи четири победи и две нерешени средби. Овие две екипи се немаат сретнато од 1995 година.
- Волфсбург и Реал Мадрид немаат ниту едно соочување во натпреварите под капа на УЕФА.