Воведите (интрото) во современите поп-песни се видови во исчезнување, а причината е што младите и напнати слушатели ги прескокнуваат оние песни кои не им овозможуваат инстантно задоволство, без одложување.
Просечното време на вовед според статистиките е опаднато од повеќе од 20 секунди на пет секунди, сметано од средината на 1980-тите до денес. Продуцентите ова го припишуваат на развојот на стриминг услугите, кои подразбираат лесно прескокнување и преминување на следната песна ако првата не ти се допаѓа.
Опсегот на внимание е драстично намалено, а досадата е нешто во што лесно се загазува ако имаш опција и лесно да ја надминеш. Тоа не беше (а за оние кои се уште слушаат музика на овој начин се уште не е) баш толку лесно со винили - по десет секунди да станеш, да ја извадиш плочата, да најдеш друга и пак да ја пуштиш, подразбира толкав напор што менувањето не се исплати. А кога неколку пати ќе слушнеш некоја песна што од прва не те бендисала, па може и ќе се премислиш.
Заради оваа потреба од моментално ангажирање на сите сетила на слушателот, оваа година три број 1 хитови во Британија имале воведи кои траеле само ЕДНА секунда пред да настапат вокалите - оној на Ди Џеј Калед и Ријана, хуманитарната верзија на група музичари на „Мост над надојдена вода“ и моменталниот број 1 на Сем Смит. Дури и кога изгледа дека минува многу време додека влезат вокалите, и таквите воведи се исполнети со многу „еј“, „оу јеа“ и „ха!“.
Во истражување објавено оваа година, докторанд од Охајо Стејт открил дека должината на интрото опаднало за 78% помеѓу 1986 и 2015.
Наспроти новиов тренд, еве неколку епски интро-а на песни од историјата на музиката, која кој знае дали повторно ќе се врати на старо:
- The Temptations: Papa Was A Rolling Stone (2 минути!)
- U2: Where the Streets Have No Name (1:18)
- The Rolling Stones: Gimme Shelter (50 секунди гитара на Кит, додуша со придружни вокали)
И повод истата да ја чуеме: