Има мелодии што те тераат да држиш ритам со глава, или да шизиш (макар и во себе), и толку „лепат“ што стиховите во нив се изговараат по автоматизам, без навлегување во нивното значење. А всушност во сето тоа „опа-иха“ има многу мрак.
Начинот на кој инфографиците знаат паметно да ја деконструираат содржината и на најсложените митови (види тука), но и на која и да е друга нарација, отсекогаш нè восхитувала. Истото го прави и оваа уметница со нејзините толкувања на познати поп песни.
Знаете она кога песната почнува тивко, се гради мелодија, па дури по добри дваесетина секунди (во порадикални случаи и повеќе) ќе го чуеш вокалот. Од кога немаме слушнато ваква нова песна?