Јуве и Барса статистички

Задутре во Берлин, Барселона ќе има прилика по петти пат да го крене трофејот од ЛШ, а Јувентус ќе игра за третата европска титула. Според букмејкерите, Барселона е фаворит.

- Сезонава во ЛШ, Јувентус одигра вкупно 12 натпревари. Победи на седум, ремизираше на три и два пати загуби. Старата дама има 58,3% успешност во досегашниот тек од елитното натпреварување.

- Фудбалерите на Јувентус добија 23 жолти картони, без ниту еден црвен картон. Прв стрелец е Карлос Тевез со 7 погодоци, а Пол Погба има три асистенции. Бјанконерите постигнаа вкупно 16 голови, од кои 13 дадоа од просторот во 16-те метри, а само три надвор од него. За разлика од Серија А, Јувентус во ЛШ не постигна ниту еден гол со глава.

- Во просек, Јуве имаше 56% посед на топка и околу 527, 5 додавања по натпревар. Пирло и другарите поделиле 58% успешни пасови.

- Тимот од Торино прими 7 голови или 0,6 по натпревар, а на шест дуели не прими гол. Од пенал, Јувентус прими само еден гол сезонава во ЛШ.

- Ѕвезда на екипата е Карлос Тевез. Аргентинецот одигра 12 натпревари, даде 7 голови со 1 асистенција и дури 84,4% прецизни додавања.

- На 12 натпревари во ЛШ, Барса има 10 победи и само 2 порази сезонава, со 83,3% успешност. Каталонците заработија 17 жолти и еден црвен картон. Прв стрелец и асистент е Лионел Меси со 10 голови и 5 асистенции.

- Барселона постигна 28 голови, од кои дури 25 од шеснаесетникот, а 3 надвор од него. Со глава, Блауграна постигна три голови. Избраниците на Луис Енрике имаат 61% посед на топка во просек и дури 677 точни додавања по натпревар.

- Тер Штеген 10 пати ја вадеше топката од својот гол или 0,8 во просек по натпревар. Барса одигра 6 натпревари без да прими гол, а од пенал прими еден гол. Лидер на екипата е Лионел Меси кој на 12 натпревари постигна 10 голови, имаше 5 асистенции и 86% прецизни додавања.

4 јуни 2015 - 13:26