Детето кое прво не играше, а сега ја спаси шампионската трка

Го немаше во составот ниту во првото коло, ниту во второто, ниту во третото и четвртото. Заигра дури во петтото и даде убав гол против Фулам. Од тогаш до синоќа демонстрира страшна форма со многу голови и асистенции.

Манчестер Сити со 2-1 го совлада Ливерпул а стрелец на победничкиот гол беше Лерој Сане кој на почетокот од сезоната не беше во составот а еднаш ниту на клупата.

Минатата сезона беше фантастична за младиот Германец: 10 гола + 15 асистенции во Премиер лига и наградата за најдобар млад играч во цела лига.

Јоаким Лев не го зема на Светското 2018 и Сане имаше спокојно лето, но за некое чудо на почетокот на новата сезона не добиваше шанса: повеќе играше Марез на негово место, а Лерој во првите три кола од Премиер лига не влегуваше ниту од клупата.

Во четвртото коло против Њукасл (2:1) Сане не беше ниту на резервната клупа.

Тогаш Goal.com пишуваше дека Гвардиола е незадоволен од односот на младиот Германец кон тренинзите. Но веќе во следното 5. коло Пеп го пушти Сане од почеток против Фулам и овој даде гол во триумфот од 3:0.

****

Една од причините за отсуството на Лерој Сане на стартот од сезоната била тактиката. Гвардиола не објаснил, но било јасно дека кога е здрав левиот бек Менди, тој сака да го види како офанзивен бек зад крилниот напаѓач Стерлинг лево и Марез десно. Лерој никогаш не играл десно крило и затоа останувал на клупата.

Во средината на ноември скапо платениот Менди се повредил и Гвардиола се вратил на варијанта со стандарден лев бек (Делф/Зинченко) а Сане играше лево крило. Тогаш Лерој покажа топ форма: 6 гола и 4 асистенции на последните 11 меча!

- Ливерпул е најомилениот противник на Сане. На црвените им дал 4 гола (дури три минатата сезона) што значи повеќе од кој било друг клуб во Премиер.

Синоќа во големото дерби Лерој немаше астрономски статистички показатели, но беше еден од најдобрите во составот на Сити: победнички гол, 71% прецизни додавања, 6 продори, 6 добиени дуели, 5 дриблинзи, 2 одземени топки и 1 асистенција.

Уште една интересна статистика: од почетокот на минатата сезона Сане има 9 гола и 17 асистенции на 25 меча на „Етихад“.

Некои велат дека ниту Мбапе, ниту Нејмар, туку прв после Меси и Роналдо е токму Лерој Сане.