Едно од најголемите изненадувања пред Мундијалот, ако не и најголемо беше изоставувањето на Лерој Сане од списокот на Јоаким Лев. Млад и желен за докажување кој сигурно ќе го освежеше нападот на Светскиот првак кој киксна со Мексико, плус стандарден во составот на Манчестер Сити со кој освои титула.