Сане дојде во Сити поради Гвардиола, а сега си отиде поради него

Германскиот шампион Баерн Минхен на сите ѕвона ја соопшти веста дека младиот крилен напаѓач Лерој Сане е нивен нов играч. Го покажаа дури и со нивен дрес и со потпис на договор. Зошто овој најталентиран европски играч замина од богатиот Сити?

Според германските медиуми, за Сане којшто ја зарши англиската етапа во кариерата и се враќа во својата Германија, Баерн на Ман. Сити му плаќа 49 милиони евра плус потенцијални 10 за бонуси. Самиот Сане ќе добива страшни 17 милиони евра годишно (во Манчестер заработуваше 5 милиони фунти годишно).

ЛЕРОЈ БЕШЕ ЕДЕН ОД ПРВИТЕ ТРАНСФЕРИ НА ПЕП, ДОЈДЕ ВО АНГЛИЈА ПОРАДИ ГВАРДИОЛА

Кога Гвардиола го презема Манчестер Сити, еден од неговите први трансфери беше Лерој Сане. Најголемиот германски талент бил пред очите на Пеп во оние три сезони кога Гвардиола го водеше Баерн Минхен.

Сане од перспективен резервен играч со еден натпревар во сезоната стана лидер на Шалке и дебитираше за Германија.

По преминот во богатиот Сити во 2016-та (Шалке доби 40 милиони евра за тоа), Сане изјави дека се решил за таков чекор поради Пеп: Тој ме убеди да дојдам тука за да можам понатаму да се развивам. Знам дека од него многу ќе научам и сега можам да го направам следниот чекор во кариератра. Го следев Пеп во Барселона и Баерн каде многу освои и каде многу добро работеше со млади играчи. Мислам дека може да ме направи комплетен играч“.

Во првата сезона на „Етихад“, Сане се навикнал на барањата на Пеп, а после почна повеќе да игра од старт. Собра 26 меча во сезоната, не баш комплетно сите, но Гвардиола го фалеше:

„Секој може да го види неговиот прогрес. Многу сме задоволни од неговата прва сезона тука и сигурни сме дека може уште“, рекол Пеп во април 2017-та.

Во летото 2017-та се случило првото ладење на нивниот однос. Сане лежерно ги одиграл сите предсезонски пријателски средби, Пеп во август го пушташе од клупата за резерви и за новинарите кажа: „Он не е во најдобра форма, не одигра добра предсезона и не заслужи место во составот“.

Укорот помогнал па пресвртен стана мечот со Палас кога даде гол и имаше две асистенции. Заслужи респект и од Пеп но и од британските медиуми.

Сане заигра фантастично и таа сезона му беше најдобра во кариерата: постигна 15 гола и имаше 10 асистенции во Премиер лига на 32 меча. Стана стандарден првотимец. Се прослави во триумфот против Тотенхем од 4:1 со две врвни асистенции како и со гол и асистенција на „Емирејтс“ против Арсенал.

Во секое интервју потенцираше дека Гвардиола е идеален тренер.

ПРОБЛЕМИТЕ ПОЧНАЛЕ ПОСЛЕ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО, ПЕП СЕ РАЗОЧАРАЛ ОД ОДНОСОТ НА ЛЕРОЈ КОН ТРЕНИНЗИТЕ

Пред летото 2018-та Јоаким Лев не го повика Лерој Сане на Светското првенство 2018. Пеп му се јавил и му изразил голема поддршка да го издржи периодот. Но после пар месеци на подготовките во САД, Гвардиола бил повоздржан: „Јоги Лев решил дека така е најдобро и јас ја уважувам неговата одлука. Што се однесува до Лерој, тоа ќе го направи само посилен. Треба да го врати нивото од лани“.

Точна информација зошто Лев не го зема Сане на Светското 2018 во Русија уште нема. Германските новинари шпекулирале дека Лерој не бил добар за соблекувалната и дека го рушел колективот.

„Понекогаш изгледа како говорот на тело на Лерој е ист и кога губиме и кога победуваме, рекол Тони Крос кој исто му ѕвонел на Сане да го поддржи пред Светското. „Тој треба да работи на тоа“.

И Сем Ли, новинар кој работи на сајтот Goal.com како експерт за Манчестер Сити (сега е во The Athletic), исто пишувал дека таквиот однос на Сане не е новост ниту во клубот. Лерој секогаш така ладно се однесувал. Гвардиола го сакал многу како играч и тој бил важен фудбалер за колективот.

Но после Светското 2018 копјата почнаа да се кршат. Пеп не бил така љубезен на подготовките во Америка. На почетокот на сезоната дури и зборел со Сане за неговото однесување:

„Прашањето кај него е од психолошка природа. Ако сака да се развива, ако сака сите да го видат неговиот прогрес, прво е важно да прифати дека има простор за развој и да се потруди. Тогаш ќе биде подобар играч. Талентот го има“.

Во првиот меч од сезоната 2018/2019, во Суперкупот на Англија Лерој почна под почеток но го извадија во првиот дел. Пеп јавно бил незадоволен од неговиот настап. Цел август Сане го преседе на клупа, влезе само 34 минути во игра а на еден меч не беше ниту на клупата за резерви.

Daily Mail тогаш ископал дека на Пеп не му допаѓал односот на Сане кон тренинзите.

Во еден момент како да имало сериозен конфликт меѓу двајцата па крилниот напаѓач долго време не влезе во составот. Од старт почна дури на крајот од есента и одигра до крај на 2018-та.

Во пролетта 2019-та Лерој седеше на клупа за резерви а на некои важни натпревари како на пример против Арсенал и Челси воопшто не влезе ни на терен. Гваридола на сите прашања за него спокојно одговарал дека тоа е негова одлука а Сане не сакал да коментира.

Германскиот репрезентативец имаше пар блесоци како на пример против Шалке (7:0) во Лига на шампоиони кога даде гол и имаше 3 асистенции.

Кога почна клучниот период од сезоната, Лерој пак седеше на клупа. Во април-мај Сити одигра 11 меча а Сане играше од почеток само на три: против Кардиф, Кристал Палас и Барнли. Два пати воопшто не се појави на теренот иако беше на клупа а во клучните четвртфинални дуели со Тотенхем во Лига на шампиони одигра само 10 минути.

„Пред крајот на сезоната Пеп не беше баш секогаш сигурен во Сане. Гвардиола како да мислеше дека Лерој носи некои одлуки на теренот кои се нелогични и себични. Тој живее во моментот и не мисли каде екипата ја гледа топката. Мислам дека Сане беше напнат зошто не се најде во прв тим на големи натпревари. Сити сакаше да го задржи но и немаше ништо против да го продаде за големи пари“, вели Рафаел Хонигштајн, автор на книга за фудбал и интервјуа со многу познати играчи.