Земајќи податоци од Gallup, Forbes, U.S. Census Bureau, Baby Center и Pew Research Center, статистичарот Тим Урбан на една табела го претставил типичниот американски живот и статистичките шански кога што човек може да очекува.
Десно се фазите во животот (детство, забавиште, основно, средно, факултет, кариера, пензија) а лево таканаречените битни и пресвртни моменти.
Како што гледате, просечниот Американец живее 76 а таа 81 година иако на табелата чергичето оптимистички е пуштено до 90 години бидејќи според Урбан, за генерациите кои се сега 20-30 години, нема да биде необично да добацуваат до 90-ка.
Детството до 5 години изнесува само 7 проценти од животот и е ослободено од "битни" настани (веројатно затоа и толку ни значи). Следуваат 312 недели во основно и 156 недели во средно школо. Иако чекањето да се наполнат 18 години и да се добие лична карта и возачка на средношколците им изгледаат како вечност, тоа се само 4 проценти од нивните животи. Матурирањето претставува заокружување на 21 процент на просечниот американски живот.
Следуваат уште евентуални 4 проценти за факултет по што младите ги чекаат снеможувачки 45 проценти од вкупниот живот кои ќе се поминат во работење. На едно работно место просечно ќе се минуваат 4,4 години.
А тој период не е само за р'гање, туку ќе треба човек и да се венчава и да прави деца а ако запне, и да се разведе. Просечниот Американец се жени на 29 години, за жените тоа се нивните 26,6 години. Американецот во просек има екстра три години да поработи на својата кариера пред да стапи во брак.
Таа ќе роди првата година од бракот, на 26. Разводот ги очекува во седмата година од бракот, иако ако продолжи сегашната стапка на опаѓање а бројот на разводите во САД, две третини од актуелните бракови ќе опстанат.
Минуваат 3,276 недели и Американецот е за пензија. На вртење во колената и на тоа како нико не куца на твоја врата ќе се жали 30 посто од својот живот. Неспремен е за галантно пензионерско курчење бидејќи во просек оди во пензија со заштеда од само 25.000 долари.
Се разбира, ничиј конкретен живот веројатно нема да се одвива точно по ова сценарио. Но тоа сепак дава извесна перспектива и ги потсетува луѓето дека животот е драгоцен бидејќи неделите на сите ни се изброени.