Митот за муслиманската плодност

Идејата за муслиманскиот наталитет потекнува од митот дека исламскиот свет едногласно се решил да прави многу бебиња и дека ова се случува со векови.

Изворот на оваа митологија е книгата "Фактори кои влијаат на муслиманскиот наталитет," од Дадли Кирк, напишана во 1965-та.

Теоријата на Кирк, трајно влијае на оваа дебата. 30 години подоцна, Самуел Хантигтон ја пишува "Судирот на цивилизациите," во која ја опишува својата теорија за вечната битка меѓу Западот и Исламот. И тука демографијата игра клучна улога.

Денес, ставовите на Кирк се побиени од науката и статистиката. Во изминатите 30 години, во муслиманскиот свет за речиси 50% е намален бројот на деца од една жена. Во Иран оваа бројка е околу 75% помала, а во Северна Африка за 70%.

"Овие луѓе го измислуваат тркалото! Ние овој феномен го документираме 25 години. Посебно во Северна Африка која од секогаш е пионер во демографските транзиции меѓу арапски земји," објаснува Јусуф Курбаж од Нациналниот институт за демографски истражувања од Париз.

Во Либан стапката е 1,6 деца по жена. Што е нешто повеќе од Швајцарија (1,49) но помалку од Франција (2,02).

Курбаж, кој по потекло француски Либанец, објаснува дека треба да се "деконструира клишето" за наталитетот во Исламот и дека најразлични фактори влијаат на тоа, меѓу кои образованието е многу поважно од религијата.

"Од трите главни монотеистички религии, од кои сите ја охрабруваат плодноста, исламот најмалку го прави тоа," објаснува Курбаж.

Како пример тој го дава Иран, кој за време на владеењето на секуларниот Шах имаше просек од 7 деца по жена. Денес, оваа бројка е 1,8 деца, што е помал и од францускиот просек. Таков е и случајот со Палестинците, кај кои по крајот на втората интифада просекот во Газа падна од 8,76 на 4,9 деца од една жена. Во исто време меѓу еврејските колонии на западниот брег, плодноста достигна до 6 деца по жена.

 

2 април 2012 - 19:19