"Младите луѓе сакаат меѓу 2 и 3 деца, а имаат меѓу 1 и 2. Најголемиот дел од луѓето добиваат помалку деца отколку што мислеле дека може ќе имаат, и помалку отколку што сакале да имаат," објаснува генералниот секретар на непрофитната организација Сексот и општеството, Бјарн Кристенсен.
Организацијата, која инаку го обезбедува најголемиот дел од материјалите за сексуално образование во Данска, бара од професорите да им дадат задача на учениците да ги напишат за и против причините за да се биде родител на помлади години, или да ја објаснат нивната идеална визија за добар семеен живот. Колку деца ова подразбира? Кога учениците треба да почнат? Што треба да се направи за ова да се случи?
Освен стандардните вежби по сексуално образование, на учениците ќе им бидат дадени и онлајн игри кои ќе го мерат нивното знаење и ставовите за правење деца.
На почетокот од годинава, како одговор на се помалиот наталитет, жителите на еден дански регион и ветија на локалната влада дека ќе направат доволно деца за да не се затворат локалните училишта и градинки.
Данците имаа и кампања за зголемување на наталитетот под насловот - "Do it for Denmark!"