На 23-ти октомври, по неколку дена наддавање цената за невиностa на Катарина Миглорини беше 190.000 долари, откако Јапонецот, познат само како "Натсу," се вклучи во аукција конечната цена достигна 780.000 долари.
Катарина изјави дека планира до 90% од парите да подари на добротворни организации, кои градат домови за загрозени семејства во бразилската држава Санта Катарина.
На лицитацијата се продаваше и невиноста на Алекс Степанов, кој успеа да собере едвај 3.000 долари.
Целата аукција е дел од проектот на австралискиот филмаџија, Џастин Сисли, кој работи на документарецот "Virgins Wanted," во кој го следи животот на машки и женски девици се до губењето на невиноста.