Јада ја заврши квалификациската трка на 89 позиција од вкупно 95 натпреварувачи со време од 3 часа, 59 минути и 56 секунди.
Toa e големо заостанување од над 52 минути зад првопласираниот Клаебо, кој како главен фаворит го освои олимпиското злато.
Ставре Јада е наш најискусен натпреварувач во олимпискиот тим, за кого ова е трето учество. Претходно ја претставуваше Македонија и на Зимските олимписки игри во Пјонг Чанг и Пекинг.
Следниот негов предизвик е трката на 10 км, која ќе се одржи на 13 февруари.
Еден ден пред него, во 13 часот ќе настапи Ана Цветановска во трката на 10 км во женска конкуренција во нордиско скијање.
