На Олимпијадата се гледале и гледале порно филмови

„Чекај, дали сериозно ме прашуваш за порно? Па човеку, ние сме исти како и сите останати луѓе, имаме свои потреби“, се исповедал за USA Today еден од американските олимпијци. Тиндери, миндери, апликации за запознавање и лични контакти тријат раце од рејтинг.

Апликацијата за запознавање и лични контакти Tinder исто заслужи олимписко злато - за тоа како ги забавувала спортистите кои немале што да прават после тренинзите.

„На секоја Олимпијада забележуваме дека Tinder е незаменлив во олимпиското село каде што живеат спортистите. Кога започнуваат натпреварувањата, нашиот сообраќај расне во неверојатно темпо“, соопштија од компанијата и споделија неверојатни бројки.

Со мерење на статистика почнале од 8. февруари и увиделе дека:

- Количеството на корисници во Пјонгчанг пораснало за дури 348%;

- Лајковите рипнале за 545% повеќе;

- „Мечевите“ (совпаѓање лајкови) после кои може да се започне дијалог скокнале на 644% повеќе.

Спортистите очигледно го сакаат Tinder. Поради големиот интерес компанијата за време на целите Зимски олимписки игри им допуштила бесплатен пристап кон Tinder Gold кој носи три важни предности: 1) можност да видите кој ве лајкнал пред да свајпнете; 2) пет суперлајка наместо еден; 3) промена на местоположба.

За големиот интерес за Tinder во Олимпиското село раскажала и сноубордистката Алена Заварзина:

Спортистите кои се сингл и слободни имаат вакви апликации за интимни запознавања. Кој нема профил го отвора. Кога ти свајпаш фотографии сфаќаш колку познати спортисти се слободни. Јас немам понуди зошто сум мажена за Вик (сопругот на Заварзина, Вајлд). Но секогаш ни е интересно да гледаме како се прави. Неодамна направивме профил“.

На Инстаграм се појавил дури и акаунт @tinderpyeongchang на кој објавувале скриншотови од профилите на олимпијците кои сакаат нови познанства. До моментот кога го блокирале овој профил таму имало повеќе од 40 спортисти. Меѓу нив и Џејсон Тердиман од САД, Норвежанката Марен Лундбо, Канаѓанецот Дастин Кук.

Луѓе од целиот свет лажирале дека се наоѓаат во Олимпиското село и така сакале да искористат шанса „на превара“ да запознаат некој од врвните олимпијци. За таква привилегија се зголемила и продажбата на пристап до Tinder Plus (8,70 евра) и Tinder Gold (13 евра).

Најмногу корисници се регистрирале од:

1. САД
2. Шведска
3. Велика Британија
4. Канада
5. Швајцарија

Астрономски раст на пребарување Olympics на Pornhub

Најголемиот порно-сајт Pornhub имал колосален раст на посети за време на Олимпијадата.

Во провинцијата Кан Вон До каде се наоѓа Пјонгчјанг, посетите на Pornhub пораснале на 70% а мерењата биле од 7. февруари кога сите селекции се вселиле во олимпиското село. Посетата опаднала само на 9. февруари на церемонијата на отворањето.

Најпопуларни спортски пребарувања за време на Игрите биле: Winter Olympics (3.445%), Sex Olympics (2.825 %) и Nude Olympics (1.801%).

Олимпијадата интересно ги натерала луѓето на порно сајтот да срчаат и зборови: Кореа (раст за 112% на ова име), Русија (78%,), Кина (67%) и Норвешка (52%).

Порнографијата во Јужна Кореа е забранета но е достапна. Властите навремено ги блокирале порно-сајтовите, но по некое време тие се префрлиле на нова сменета URL адреса. Можеле да ги забранат само со помош на елементарните VPN сервиси.

Весникот USA Today прашал американски олимпијци да ги прокоментираат вестите за рејтингот на Pornhub во Кореа и добила пар анонимни одговори: Од машки спортист: „Друже, дали си сериозен? Вие реално сакате да зборуваме за порно? Ние сме просто луѓе, и ние имаме потреби како и сите останати“. Жената рекла: „Што ве чуди? Вие треба да сфатите дека дечките сакаат бидат екипа, а девојките да бидат ефективни“.

Сексот на Олимпијада не е табу тема а една од скокотливите вести пред секои Игри е бројот на презервативи за спортистите.

Во корејското Олимписко село донеле 110.000 презервативи (секому по 37) или 10.000 повеќе отколу во Ванкувер 2010 и Сочи 2014-та. Презервативите ги обезбедиле корејската компанија Barunsengkak и локалната Асоцијација за борба против ХИВ (10.000 парчиња). Апсолутниот рекорд на сите времиња го држи Рио - таму поделиле 450.000 парчиња презервативи!