Таг: зимски олимписки игри

Олимписки шампиони ќе добијат медали со метеор

Најголемиот метеор во последните 105 години падна во Урал на 15 февруари 2013. На 15 февруари 2014 во Русија ќе бидат во тек Зимските Олимписки игри, па тој ден на шампионите ќе им бидат делени медали со парчиња метеор.

Русите ќе чуваат снег од оваа година за Сочи 2014

Организаторите на Олимписките игри кои ќе се одржат во рускиот град Сочи имаат силни спонзори, а на игрите ќе настапат сите врвни натпреварувачи од зимските спортови со што се исполнети сите предуслови за успешни ЗОИ. Но има само еден мал проблем. На Сочи му фали снег.

Очајната спринтерка ќе се проба и со боб санка

Американката Лоло Џонс толку очајно посакува да освои медал од Олимписки игри, што откако минатата година не успеа на спринтерските трки во Лондон, се преориентираше на боб санка и ќе се обиде да дојде до медал на зимските ОИ во Сочи.

Контроверзната играчка на Путин

Благодарение на инвестициите на моќните руски олигарси, Зимските Олимписки игри во Сочи 2014 ќе бидат најскапите во историјата. Но најголема контроверзност околу овој голем настан, е што во таа зона живеат етнички малцинства кои се во војна со Русија.

Необична олимписка кандидатура на Словачка и Полска

Олимписката практика и традиција е за домаќин на Олимписките игри да се кандидира еден град, но за Зимските Олимписки игри во 2022-та година заедничка кандидатура ќе поднесат две држави.