Освојувачите на златни медали во Сочи на 15 февруари следната година ќе добијат уште една награда - дел од метеорот што го погоди рускиот град Челјабинск на тој датум оваа година. Делови од метеорот што падна во регионот на планината Урал ќе бидат вградени во медалите во самите медали.
Пред пет месеци, метеор со големина на автобус и јачина на 20 атомски бомби падна во западниот дел на Сибир и повреди над 1.000 луѓе. Оштетени беа и многу градби, помеѓу кои и арената за брзо лизгање која се користеше за Светското првенство минатата година.
Зимските Олимписки игри во Сочи ќе се одржуваат од 7 до 23 февруари, а на 15 февруари ќе се делат медалите во дисциплините аплско скијање, крос-кантри, скелетон, ски-скокови и брзо лизгање.