Четири проценти од натпреварувачите во карлинг се повредиле на Зимските Олимписки игри кои се одржаа во Ванкувер во 2010-та година.
Според анализата на листата на повреди од минатите Зимски Олимписки игри, карлингот е поопасен од неколку други спортови помеѓу кои се и ски скоковите, брзото лизгање и санкањето.
Најопасен спорт според бројот на повреди е сноубордингот. Дури 35% од сноубордерите се повредиле на ЗОИ Ванкувер 2010. По него се фристајл скијањето, боб-санкањето и хокејот.
Во истражувањето исто така се анализирани и деловите од телото кои најмногу трпат повреди. Најчесто спортистите заработувале повреди на колената, главата и стапалата, но постојат разлики помеѓу спортовите.
Скијачите и сноубордерите најчесто ги повредуваат колената, хокеарите заработуваат повреди на лицата, а натпреварувачите во боб-санкање, скелетон и санкање најчесто ги повредуваат вратот и грбот.