Запознајте ја карлинг селекцијата на Норвешка која и да не успее да освои медал, сигурно ќе привлече големо внимание со овој дрес код.

Но ова не е никаков новитет за нив. Погледнете како се претставија на Зимските олимписки игри во Ванкувер 2010.

Од црвената, знаат да удрат контра во бојата и со панталоните кои ги користат за натпреварување да заличат на кловнови.

Дополнителна инспирација за настап секако дека им и е знамето на земјата.

Во нивната богата модна колекција има и шари во форма на баклави кои обично ги носат голф играчите.

Но оваа репрезентација не патува на Олимпијадите поради мода. Во Ванкувер го освои среброто и во оваа дисциплина до сега има освоено најмногу медали во историјата.
