Постојат премногу причини зошто Хубертус вон Хохенлох ќе биде нашиот омилен натпреварувач на Олимписките игри, а ова се само неколку.
Мексико ќе има само еден претставник во Сочи, а тоа ќе биде нашиот јунак. Нема да му биде прв пат, затоа што до сега пет пати ја претставувал својата земја на Олимписки игри.
Вон Хохенлох има 55 години, со што тој е вториот најстар натпреварувач на едни Зимски ОИ.
Тој ќе го претставува Мексико, но е Германец. И не само што е Германец, туку тој е и принц. Вон Хохенлох е потомок на германска кралска фамилија, а неговиот татко има бизнис со автомобили во Мексико, па тој има наследено огромно богатство. Неговата мајка е поранешна актерка и потомок на фамилијата Ањели која ја има основано фабриката на Фиат и е сопственик на фудбалскиот клуб Јувентус.
И не само што е принц, Хубертус е професионален фотограф, како и познат пејач кој се претставува со имињата "Andy Himalaya" и "Royal Disaster".
И ако тоа не ви беше доволно за Хубертус вон Хохенлох да стане и вашиот омилен олимпиец, погледнете го неговото скијачко одело со кое ќе се натпреварува во Сочи.