Белгискиот биатлонец Михаел Реш почнал да собира пари за учество на Игрите во Пјонгчанг-2018.
„Моја желба е повторно да настапам на Зимски Олимписки Игри и вие може да ми помогнете да ја остварам таа желба. Ако ме поддржите, во знак на благодарност ќе ги ставам вашите фотографии на својата опрема и вие заедно со мене ќе учествувате на Олимписките Игри“, вели Реш.
Спортскиот краудфандинг започнал уште во предолимпискиот циклус за Сочи: Многу олимпијци од САД и Европа почнале да собираат средства за оваа повисока цел, но историјата на Михаел Реш е уникатна затоа што тој е некогашен Олимписки шампион.
Реш смета дека за подготовки за Зимските Олимписки Игри 2018 во Северна Кореја ќе му треба околу 60.000 евра.
За таа цел отворил платформа I believe in you каде досега собрал околу 20.000 швајцарски франци од донации. Интересно за само две недели собрал 14.000 коишто ги донирале 180 луѓе. До крајот на проектот има еден месец и малку е веројатно дека 12 години после првиот настап на ОИ, ќе ги пропушти следните.
Во однос на донацијата на различни суми имате различни награди:
20 франци - Реш ќе ви се обради преку видео;
50 франци - вашата фотографија ќе се појави на опремата на Реш во Пјонгчанг;
100 франци - ќе ве има на единствениот голем постер каде ќе бидат луѓето кои го поддржале Реш;
200 франци - видео-чат со Реш после Олимпијадата;
750 франци - ваша фотографија на везирот од пушката за време на Олимписките Игри 2018;
1.000 франци - ваша фотографија на стартната лента на опремата;
1.500 франци - Реш ќе ја посети вашата омилена база/клуб и ќе раскажува за себе;
2.500 франци - Реш да ја посети вашата фирма/компанија, да раскажува за себе, да одржи мотивациски говор и да направи фото и автограф-сесија.
КОЈ Е МИХАЕЛ РЕШ?
Син е на биатлонецот на репрезентацијата на некогашна Источна Германија Еберхард Реш - двократен освојувач на медал на Олимпијадата 1980 и трикратен Светски шампион.
До 2012 година Михаел настапувал за Германија и можеби во современиот германски биатлон нема да најдете поконтроверзна личност од Реш-помладиот кој до средината на ’2000-те освоил многу пехари и медали во разни категории.
Во сезоната 2005-2006 тогаш 22-годишниот Михи победил и се качил на подиум по триумфот во штафетата (до него великаните Фишер, Грос, Грајс). На Игрите во Торино Германците без потешкотии ја освоија штафетата а Реш одработи беспрекорно. На крајот на таа сезона, Михи завршил во Топ-5 на Светскиот Куп.
ШТО ТРГНАЛО НАДОЛУ?
Без некои посебни причини после Олимпијадата Реш едноставно не напредувал па дури и постепено се предавал - до крајот на 2000-те процесот на повлекување го забрзала повредата и болестите.
Во репрезентацијата му подариле многу шанси, но тој го расипал односот со раководството, и не учествувал на Олимписките Игри 2010. Наскоро водечките луѓе во германскиот биатлон биле шокирани: Михаел отишол во федералната полиција (Во Германија биатлонците најчесто работат во безбедносните структури) и почнал процедура за смена на државјанството - во белгиско.
„Сфатив дека за да настапам на домашниот Светски Куп во Руполдинг ќе треба да одберам друг пат и да ризикувам. Одиграв all-in како во покер: отидов во полиција, го продадов станот и се одделив од асоцијацијата. За 2,5 години ми стигна новиот пасош и станав Белгиец на почетокот на 2014-та поради што не отидов во Сочи но во крајна мера одново почуствував страст“, вели Реш.
КАКО МУ Е ВО БЕЛГИЈА?
Михаел пропуштил две сезони (12/13 и 13/14) поради проблеми со допинг дисквалификација;
- Белгија не му плаќала подготовки на Реш. Тој најчесто добивал средства од помали спонзори. Во летото 2014-та успешно се вратил на официјалниот старт;
- Михаел Реш нема постојан клуб и често тренира со различни биатлонци од Швајцарија и Норвешка;
Михи сега има 34 години а минатата сезона била најдобра за него: стигнал во Топ-6, имал неколку финиши во Топ-20 и спремен е за Светскиот Куп и за Зимските Олимписки Игри.