На Олимпијадата 2018 во Пјонгчанг беа доделени медали во сноуборд во машки слоупстајл. Златото го освои Американецот Редмонд Џерард кој заврши прв на трката, среброто му припадна на Канаѓанецот Макс Паро, а бронзата кај неговиот сонародник Марк Макморис.
Токму Макморис е јунак на досегашниот тек од Олимписките Игри затоа што во март минатата година после падот на еден од турнирите имал тешка скршеница на вилицата, левата рака, ребрата, слезината и сериозно нагмечување на левото белодробно крило. Два часа подоцна се нашол во болница во Ванкувер каде според лекарите бил во тешка состојба.
„Јас бев таму и без сомневање тоа беше најпаничната атмосфера која што сум ја доживеал некогаш. Во болница сфатив колку е сериозно се. За среќа, се опорави како Вулверин“, раскажал брат му на Макморис, Крег.
Целиот месец по операцијата Марк го поминал во болничка постела, шест недели го држеле на жестока диета.
„Неудобно му беше да седи, неудобно му беше да стои, неудобно да спие. Не можеше самостојно да јаде, рацете просто му беа унаказени“, раскажува физиотерапевтот и семеен пријател на Макморис, Демјен Морони.
8 месеци после стравичниот пад, Марк ја освоил етапата на Светскиот Куп во Кина.
„Тоа што го направи мојот организам е неверојатно. Јас бев пред умирање. После таа случка, јас нит еден ден на земјава не го земам здраво за готово“, признава Макморис кој во Пјонгчанг освои бронзен медал кој сјае како злато.
На пар недели пред Игрите 2014 тој скршил едно ребро при пад, но на Зимските Олимписки Игри во Сочи освои исто бронзен медал.