Ова најпопуларно и мошне тешко вртење во далечната 1882 година го измислил Аксел Паулсен по кого е наречен овој неверојатен скок. Но тој направил само еден, сингл-аксел (едно вртење во скок).
Првиот трипл-аксел на првенството во САД го направила Тоња Хардинг во 1991-ва во Минесота.
Што се однесува до Олимпијадите, Мираи Нагасу е прва Американка (има нивно државјанство инаку е Јапонка) што го извела потегот, а севкупно трета лизгачка во историјата. Пред неа тоа го сториле само Јапонките Мидори Ито и Мао Асада.
Чудото на Нагасу за кое присутните не верувале што гледаат:
"HOLY COW!" You just witnessed a historic triple axel from Mirai Nagasu. #WinterOlympics https://t.co/NsNuy9F46h pic.twitter.com/jCMTb4LtXv
— NBC Olympics (@NBCOlympics) February 12, 2018
Со неверојатниот потег на Нагасу, тимот на САД во уметничко лизгање се избори за бронзен медал.
Мираи Нагасу е родена во 1993-та во Калифорнија. Нејзините биле имигранти од Јапонија но не се американски државјани. Нивната ќерка според јапонскиот закон морала да одбере едно државјанство пред нејзиниот 22. роденден, па таа го избрала американското. Во едно интервју таа раскажала дека дома зборуваат јапонски.
А за тоа што пред точно 20 години го направи Сурија Бонали на Олимпијда во Јапонија уште се зборува.
***
За неверојатната тежина на трократниот аксел.