Очајната спринтерка ќе се проба и со боб санка

Американката Лоло Џонс толку очајно посакува да освои медал од Олимписки игри, што откако минатата година не успеа на спринтерските трки во Лондон, се преориентираше на боб санка и ќе се обиде да дојде до медал на зимските ОИ во Сочи.

Атлетичарката Лоло Џонс е до толку очајна да освои медал што стана дел од американскиот боб тим, а тоа и самата си го признава.

Ако освоев медал на Олимписките игри, јас сигурно немаше да се натпреварувам со боб. Многу сум очајна. Не ми е важно дали се зимски или летни Олимписки игри", изјави Џонс.

30-годишната Џонс беше фаворитка за златниот медал на трката на 100 метри со пречки на Олимписките игри во Пекинг во 2008-та година, но се сопна и заврши на 7-та позиција, а на последната Олимпијада во Лондон заврши како 4-та.

Желбата за олимписки медал ја натерала да се обиде и со некој зимски спорт, за да може да учествува на Олимписките игри кои следната година ќе се одржат во Сочи и се одлучила да се натпреварува со боб санка.

За сега добро и оди. По само неколку месеци тренинг, неодамна таа со тимот на САД освои златен медал на Светското првенство во Сент Мориц.

20 март 2013 - 15:17