Македонија на Зимските Олимписки Игри ќе ја претставуваат 17-годишната Викторија Тодоровска во нордиско скијање (10 километри), 19 годишниот Ставре Јада во нордиско скијање (15 километри и спринт) и Антонио Ристевски во алпско скијање (слалом и велеслалом - трето негово учество на Олимписки Игри). Македонското знаме го носеше Ставре Јада.