Олимписката практика и традиција е за домаќини на Олимписките игри да се кандидираат градови, но за Зимските Олимписки игри во 2022-та година заедничка кандидатура ќе поднесат две држави.
Словачка и Полска се во финални преговори за реализирањето на нивната необична идеја за заедничка кандидатура за Зимски Олимписки игри во 2022-та година.
Двете држави имаат заедничка граница на Татрите, планинскиот венец кој претставува најголем дел од Карпатите.
Идејата е Краков да биде основниот град каде би се одржале повеќето натпревари на лед, а во Закопане да биде домаќин на натпреварите во биатлон и сноуборд. Во словачкиот дел од Татрите се наоѓа градот Попрад кој имаше неуспешни кандидатури за ЗОИ во 2002-та и 2006-та година и таму би се одржале некои натпревари во скијање и дел од хокеј натпреварите.