За правото за организација на Зимските Олимписки игри за осум години, заедничка кандидатура испратиле полскиот Краков и словачкиот град Јасна, а поединечно се кандидирале Алмати од Казахстан, украинскиот Лвив, кинескиот Пекинг, норвешки Осло и шведскиот град Стокхолм.
Осло е единствен град кој има искуство со организација на Зимски Олимписки игри. Тие беа домаќини на игрите во 1952-та година. Пекинг беше домаќин на летните Олимписки игри во 2008-та, а Стокхолм во далечната 1912-та година.
Меѓународниот Олимписки комитет соопшти дека одлуката за домаќин на ЗОИ 2022 ќе биде донесена во 2015-та година.