Во 2006-та година една од подобро организираните зимски Олимпијади се одвиваше во Торино. Во престолнината на монденската северна Италија изградија повеќе од 60 нови објекти за спортистите од целиот свет.
12 години подоцна најжално од се изгледа Олимпиското село.
По официјалното затворање на Игрите зданијата долго време биле запуштени за разлика од многу арени и спортски борилишта во кои многу спортисти од регионот нашле примена.
Серџо Кјампарино, човекот кој управувал со Торино од 2001 до 2010 година го признал проблемот со пустите и неискористени објекти поради финансиската криза на крајот од 2000-те.
Непријатностите во реонот на Олимпиското село почнале пред пет години кога околу стотина бегалци од Африка (воглавном Сомалијци и Либијци) се доселиле во еден од корпусите и во следните неколку недели бројот на жители во зданието пораснал за пет пати.
Мигрантите претходно престојувале на островот Лампедуза кој е центар за прием и од каде мигрантите од Африка се распоредуваат за работа по потреба. Но од почетокот на 2013-та програмата престанала со работа и луѓето се вратиле на улица.
Бегалците, кои се засолниле во Олимпиското село од него направиле симбол на отпор, на протест. Во објектите низ годините живееле повеќе илјади Африканци кои ретко ги тревожат полициските патроли зошто според нив целата окупација на објектите е показател кон италијанските власти за сопственото единство, слога и вербата во своите права.
Но со текот на времето, од јануари 2015-та објектите се претвориле во гето. Во жарот на борбата против криминалот, властите се заложиле да ги преселат бегалците. Операцијата потраела подолго: дел од мигрантите ги преселиле во црковните заедници минатиот ноември. Во целата акција на преселување учествувале Брза помош и Црвениот крст.
Планот на италијанските власти е до 2020 година да ги интегрираат сите преостанати бегалци кои престојуваат во Олимпиското село.
Ништо пославно не завршија ниту Олимпиското село во Атина (2004), и Бразил (2016).