По првите три изданија, Зимските Олимписки игри паузираа поради Втората Светска војна, а кам бекот се случи во Сент Моритс, Швајцарија каде се одржаа и вторите игри во 1928 година.
Пред точно половина век оваа спортска манифестација се одржа во Инсбрук, Австрија која ја имаше таа чест повторно да биде домаќин и во 1976 година.
Игрите во 1984 година се одржаа за прв пат во Сараево, а тогаш Југославија го освои и првиот медал на Олимпијадите. До тој успех стигна скијачот Јуре Франко кој го освои среброто во слалом трките.
Во 1988 година спортскиот крем го собра канадскиот град Калгари. На овие зимските игри славниот Алберто Томба стигна до првите два златни медали и со тоа стана светска икона во скијачкиот спорт.
По првите зимски Олимписки игри во Шамони 1924, Франција беше домаќин и во 1968 година во Гренобл, а потоа и по трет пат во Албертвил 1992 година. Земјата која освои најмногу медали беше Германија со вкупно 26 од кои 10 златни.
По само две години повторно се организираат зимски игри, а целта бе шеповеќе да не се повторат со летните во иста година. Домаќин е норвешкиот град Лилехамер. Тоа е втора Олимпијада за Норвежаните по онаа во Осло 1952 година.
До организација на игрите два пати стигнаа и Јапонците. Првиот пат во Сапоро 1972, а потоа во Нагано 1998. Германците повторно беа најуспешна земја со 29 освоени медали.
Првите Олимписки игри во новиот милениум се одржаа во Солт Лејк Сити 2002 кога беше формирана и Светската анти-допинг агенција. За Американците тоа беа трети зимски игри по оние во Лејк Плесид 1980 и Скуо Вали 1960.
Во растојание од 50 години домаќин на зимските олимписки игри беа Италијанците. Првиот пат во Кортина д`Ампецо 1956, а потоа во Торино 2006.
Последниот спортски зимски спектакл пред четири години се одржа во Ванкувер со што Канаѓаните станаа домаќини по втор пат. На овие зимски Олимписки игри Американците освоија вкупно 37 медали, но Канада заврши на првата позиција со 14 освоени медали.