Томас Бах, човекот кој неодамна ја презеде претседателската функција од Жак Рог во Меѓународниот олимписки комитет, добил ветување од претседателот на ФИФА, Сеп Блатер дека Светското првенство нема да се одржи во јануари/февруари за кога се закажани зимските Олимписки игри.
Светското првенство вообичаено се одржува во летниот период, но со оглед на тоа што во Катар во тој период температурите достигнуваат до 45 степени, Мундијалот во 2022-та година ќе мора да се премести во зимо.
„Го разгледавме предлогот од претседателот на ФИФА за одигрувањето на Светското првенство во ноември 2022-та година и ние со овој термин се сложуваме затоа што нема да има поклопување со зимските Олимписки игри", изјави претседателот на МОК, Томас Бах.
Челниците на ФИФА викендов ќе одржат состанок во Цирих на кој се очекува да се разгледаат предлозите за менување на терминот на Светското првенство во Катар.