Русите ќе се обидат да оладат и на тој начин да зачуваат 450.000 кубни метри снег кои ќе им бидат потребни за следната година.
„Со зачувувањето на снег од сезоната 2012/2013 ќе се избегне ризикот да снема снег следната сезона. 450.000 кубни метри стар снег ќе ни гарантира дека ќе ги покриеме падините дури и во најлоши временски услови", изјавија организаторите.
Снегот ќе се чува во 7 специјални резервари, а најголемиот од нив има капацитет од 100.000 кубмни метри. Организаторите пресметале дека оваа операција ќе ги чини 8 милиони долари.
Ски комплексот „Роза Хутор" во Сочи треба да биде домаќин на 20 натпревари од различни спортови, но оваа зима заради недостиг на снег беа откажани многу тест натпревари.