Останува уште точно една година до стартот на Зимската Олимпијада која е закажана за 7 февруари идната година во Русија. За големиот спортски настан организаторите веќе најавија дека тоа ќе бидат најскапите олимписки игри со влог од неверојатни 50 милијарди долари.
Само како за споредба, од владата на Велика Британија изјавија дека Олимпијадата во Лондон ги чинела 21 милијарда долари. Но ова големо и скапо достигнување за Русија доби низа критики и обвинувања дека претставува личен, но и ризичен проект на претседателот Владимир Путин, кој има намера на остатокот од светот да му ги демонстрира моќта и потенцијалот на Русија.
Сочи е град со над 300 илјади жители сместен под планината Каукасо. Местото кое порано беше одмаралиште во времето на СССР, сега е трансфомирано во модерен град опколен со модерен ски центар. Во очи на Олимпијадата, во градот се работи под полна пареа.
Се градат нови патишта до аеродромот, се вложува во олимпиското село и во медиа центарот, се градат нови писти за ски скокови. Но најфасцинантно е што се поставува оптика во должина од 700 километри, со што интернетот ќе биде толку силен, што ќе се користи без проблеми и на надморска височина од 2 илјади метри.
Половина од парите кои се вложуваат во овој спортски зимски спектакл доаѓаат од приватни инвеститори и компании на олигарси блиски од Путин, а останатата половина е од државната каса.
Доказ за тоа зошто Русите немаат проблем да потрошат 25 пати повеќе од тоа што го потроши Ванкувер на ЗОИ 2010, е што главен спонзор на настанот е Роснеф, копманија за рударство и рафинирање на сурова нафта. Компанија која од пред околу 10 години ја поседува Јукос Ходорковски, кој се наоѓа во затвор и за кој се вели дека Путин го чува на сигурно.
Голем бунт за идејата следната зимска олимпијада да се одржува во Сочи, кренаа последните потомци на Киркашијците, население кое било протерано во 19 век во времето на Царска Русија. Тие организираа Комитет и се противеа за да му покажат на светот, како Русија буквално ги разграбува нафтените суровини и ја уништува целата шума во тој планински предел.
Можеби најконтроверзниот момент околу одржувањето на досега најскапата олимпијада во историјата е што тоа се истите планини на Абхазија, Дагестан и Чеченија и каде што на дневен ред е војната на Русија со овие земји.
Додека за многу претходни светски спортски настани, домаќините стравуваа од терористички напади, сега некои критичари оценуваат дека идниот зимски спортски елитен собир, може да изгледа на воено руско поле опасно за одржување на еден ваков голем спортски спектакл.