Нервози и стресови, е тоа гратис

Проблемот е што и инекцијата сум ја купила на 13.09 а сум ја примила на 14.09. Требало да се поклопи датумот. Не сум смеела да ја купам ден порано. Ова е земја снова и сè можеш совршено да уклопиш ама ја не сум сакала! Излага на сопствена волја и желба си примам цитостатици.

Во септември одам да примам терапијата на онкологија. Го нема лекот. По неколку вртења на телефон го најдовме кај добавувачот. Ми го носат по неколкумина во една приватна аптека. Ми се јавуваат дека е стигнат, но времето е после 12ч. Одам утредента да ми го аплицираат.

Уредно предавам барање за рефундација, ме одбиваат и тоа го дознавам завчера. Никој не ме известил, не ми стигнало решение, а веќе е средина на ноември. Проблемот е што инекцијата сум ја купила на 13.09 а сум ја примила на 14.09. Требало да се поклопи датумот.

Извештај кај што пишува дека треба мин. 2 год да ја примам не важи. Не сум смеела да ја купам ден порано. Ова е земја снова и сè можеш совршено да уклопиш ама ја не сум сакала! Излага на сопствена волја и желба си примам цитостатици.

А доцнев скоро недела со примање на лекот. Ама пишува на извештајот ДЕНЕС ПРИМА, а ја сум ја набавила вчера. И добро, одбиена. Во октомври пак ја нема таа инекција. Ја наоѓам едвај. Една во Косово и 3 од Грција.

Таа од Косово, не ја зачувале сметката. Не поднесов за рефундација. Тие од Грција допрва ќе ги примам. Сега во ноември, па декември и јануари. Датумот на сметката е од октомври, а на извештаите за инекциите ќе бидат со датуми од месеците што ги пишав.

Пак ќе ми кажат Аааа па си ги примила откако си ги купила! Да не објаснувам дека ова не е единствениот проблем.

Животот ми се сведе на трчање по лекари и институции! -Храбра си, мисли позитивно! Ај да ве видам, кај да најдам позитивно. Една инекција е скоро 100 евра. А не е само таа. На 6 месеци ехо, прегледи, нема термини плаќај си приватно.

Лекови за да олесни симптоми од лекови кои треба да ти продолжат живот-приватно. Нервози и стресови, е тоа гратис.

@ElcheZelche

13 ноември 2025 - 18:59