Подоцна вечерта Баерн Минхен играл осминафинале на германски Куп против Бохум. На Данска и требал само еден бод за да обезбеди пласман на Мундијалот во Мексико, а тогашниот директор во клубот а подоцна и почесен претседател Ули Хенес побарал Лерби да ги игра и двата натпревари.
Центарфорот раскажал за БиБиСи: „Тој (Ули) ми рече можеш ли да го прашаш селекторот Пјонтек да играш 45 минути или помалку? После јас ќе пратам приватен џет по тебе и ќе играш вечерта во Бохум. Мислев дека не е лудо затоа што бев во најдобра форма во животот.
Во тоа време селекторите и тренерите можеле да направат само по две измени од натпревар а на полувремето во Даблин резултатот бил 1-1, па Лерби уште останал во игра.
„Ули Хенес беше крај теренот кога излегов во второ полувреме. Ми рече, 'што се случува'? Авионот чека!
Тоа беше моја најголема грижа зошто тој почна да станува лут и нервозен зошто многу скап авион не чекаше. Не сакав да го гледам него зошто точно знаев како му изгледа ликот“, се сеќава Сорен Лерби.
До 57' минута, Михаел Лаудруп и Јон Сивебек и донеле на Данска голема предност од 1-3. Минута подоцна во 58-ма Лерби бил излезен од игра и тогаш „неговиот прав часовник“ почнал да чука.
По брзински туш на противење на Хенес кој брзал, отишле експресно до аеродромот со полициска придружба. Летот бил според планот како што треба.
И сè било добро додека не влегле во кола од аеродромот во Дизелрдорф за да стигнат до Бохум.
„Сообраќајната гужва беше долга три, четири километри зошто стадионот е во самиот град. Така што морав да излезам од кола и да трчам четири километри до соблекувалната во стадионот. Тоа ми беше добро загревање“, се сеќава денес 67-годишниот на филмската приказна.
Но тренерот на Баерн Удо Латек веќе ги издиктирал првите 11 кои ќе почнат па Данецот останал на клупа.
„Бев премногу разочаран зошто сакав да играм од почеток. Но влегов во игра на полувреме, па имаше уште продолжение и на крај резултатот беше 2-2“.
Лерби постигнал гол на реваншот кој Баерн го добил 2-0 и на крај го кренал пехарот во Купот откако го совладале и Штутгарт во финале.
Но и покрај тоа што овој настан станал голема вест и се раскажувал по цела Европа, Лерби смета дека не направил којзнае што.
„Памтам дека седев во еден бар после натпреварот во Бохум. Земав пиво и си реков: 'Ова беше добро нешто'. Но само тоа. Не чувствував дека сум направил којзнае што.
Во наше време имаше многу хаос. Многу пати бевме во неволји. Играш за репрезентација а и клубот може да игра во исто време па не те пуштаат да одиш за репрезентација“.
Речиси две години подоцна, Ули Хенес го убедувал и Марк Хјуз да игра во друг Куп натпревар за Баерн на ист ден кога Велс играл во Чехословачка. Дали Хјуз добил бонуси за овие настапи не се знае.
„Ќе го прашам следниот пат, сигурно“, вели Данецот за Велшанецот.