Јамајка женскиот боб тимот стварно може да оди на зимска Олимпијада

Откако го оствариле најдобриот резлтат за нивната земја на Светскиот Куп во германски Винтерберг (седми од 23 селекции), Јазмин Фенлатор-Викториан и Кери Расел се на чекор од историски пласман на ЗОИ во Пјонгчанг.

Спортскиот свет треба да биде спремен за една олимписка бајка во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Додека целиот фокус е насочен кон допинг скандалот на Русија и евентуален бојкот од Москва, Јамајка е на пат да се квалификува во женски боб во двојки на Олимписките Игри.

Карипскиот тим стана фамозен по филмот Cool Runnings (Јамајчаните на боб санка). Двојката составена од Јазмин Фенлатор-Викториан која веќе била на Олимпијадата во Сочи 2014 со тимот Америка и Кери Расел (во 2013-та освоила златен медал на Светско Атлетско првенство во штафетата 4х100) е на чекор од пласман на ОИ.

Јамајка е во игра за последниот воз за Пјонгчанг со само 24 бодови предност во однос на Романија. Својата боб-санка двете бобисти од Кингстон ја нарекле Mr. Cool Bolt во чест на најбрзиот спринтер на сите времиња.

ИСТОРИЈАТА НА ЈАМАЈКА НА ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Јамајчаните низ историјата имале 11 квалификувани олимпијци за Зимски Игри и сите 11 биле мажи бобисти со исклучок на крос-скијачот Ерол Кер кој настапил во Ванкувер 2010.

Фенлатор-Викториан и Расел би можеле да станат првите жени Јамајчанки на едни Игри. Во 2015, некогашната репрезентативка на САД која дебитирала на Олимпијада заедно со шампионката во атлетика Лоло Џонс, во боб во двојки, решила да се натпреварува за Јамајка од каде што потекнува татко и.

Во ноември 2016 Кери Расел одлучила да ја напушти атлетиката за да се обиде во боб авантурата. Јагодка на шлагот би бил нивен пласан на Игрите во Јужна Кореја за каде карта се обидуваат да обезбедат и мажите од тимот Јамајка коишто настапија во Сочи 2014, 12 години после нивното прво олимписко појавување во 2002 (не се квалификуваа на ЗОИ 2006 и 2010).