Таг: јамајка

Боб Марли би се гордеел - еврогол на шпиц на Јамајка против САД

Легендата на Вест Хем, 31-годишниот шпиц Мајкл Антонио решета голови на секој фронт, дали во ФА Куп, дали во Премиер лига, дали за репрезентацијата на Јамајка. Синоќа во ремито 1:1 со САД постигна бомбастичен гол за голем бод на неговата селекција.

Тешкиот пат на Рахим Стерлинг на кого на 2 години му го убиле таткото

Најдобриот фудбалер на англиската репрезентација на Евро 2020 имал мошне тешко детство кое во една прилика го опишал еден негов наставник. Денес е предводник на селекцијата од која што милиони очекуваат да стане европски шампион.

Јамајканска Барселона

Кој досега гледал јамајкански фудбал? Во нивната Премиер лига знае да се најде по некој Леон Бејли, а тоа го докажаа од Кавалиер кој славеше 1-3 кај Арнет Гарденс. Првиот гол на извесен Ранкине беше мини-Барса.

Земи прво да ослабеш

Прво, дефанзивецов има мев како на 50 годишник кој игра со другарите во сала, второ, трча тромаво и несигурно и трето не знае основни фудбалски правила, а тоа е да ја подаде како што треба. Инаку ова е меч во Јамајка.

Усеин Болт го бараат Катарци на Малта, да се бори за влез во Лига на шампиони

Откако конечно заигра професионален фудбал, најбрзиот спринтер на светот почна да дава и голови, па го привлече вниманието на некои малку од малку посериозни клубови.

Татко му на Стерлинг бил убиен па затоа Рахим истетовирал автомат

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Англија има неколку тетоважи, а последната му е автомат М16 на десната нога поради што на Островот се кренала голема врева.

Му го згрешиле ливчето и фатил 42.400 евра на Рома!

Некој прогнозер во Јамајка кога видел дека во кладилница му го згрешиле типувањето, се затрчал да смени но веќе било касно. И среќа негова што било доцна.

Јамајка остана без боб-санка за Олимпијада, но ги спасила пивара

На Зимските Олимписки Игри никогаш во историјата немало девојки од Јамајка и првото појавување на натпреварувачки од оваа земја на ЗОИ во Пјонгчанг е права сензација.

Девојки од Нигерија тренирале со дрвена санка, сега ќе одат на Олимписки Игри

Дури 98 натпреварувања во 7 спортови ќе се одржат на ЗОИ во Пјонгчанг. Нам ќе ни биде привлечна една дебитантска селекција која за првпат ќе се појави на снег - Нигерија во боб.

Од најстрашно гето во Јамајка до најбаран талент во Европа

Во 2015-та година еден познат писател од карипската земја Јамајка ја доби најпрестижната „Букерова награда“ за неверојатниот роман, а она што се случи со едно дете од неговиот роден град би можело да биде сценарио за филм за Оскар.

Јамајка женскиот боб тимот стварно може да оди на зимска Олимпијада

Откако го оствариле најдобриот резлтат за нивната земја на Светскиот Куп во германски Винтерберг (седми од 23 селекции), Јазмин Фенлатор-Викториан и Кери Расел се на чекор од историски пласман на ЗОИ во Пјонгчанг.

Приказна за фудбалскиот пат на Боб Марли и смртта по фудбалска повреда

Најпознатиот реге пејач во историјата и најголемиот Јамајчанец на сите времиња, Боб Марли буквално спиел со фудбалска топка под перница. Ја користел секоја пауза на пробите да поигра фудбал а после тешката повреда му забраниле да шутира, но љубовта била посилна.

Светскиот куп со скијачи од Кенија, Јамајка, Хаити, Гана

Покрај врвните Хиршнер, Вон, Парис и Гут, на патеките во Сент Мориц каде започна Светскиот Куп во скијање има и скијачи од земји во кои нема никаква скијачка традиција но публиката во Швајцарија навива за нив.

Усеин Болт запнал па запнал да стане фудбалер

Деветкратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, Усеин Болт сериозно почна да зборува околу желбата да стане професионален фудбалер. Почнал да тренира со Борусија Дортмунд а му се игра во Манчестер.

Никој никогаш како Усеин Болт

Пекинг, Лондон, Рио. Најдобриот спринтер на сите времиња продолжи да испишува нови страници во историјата на атлетиката откако синоќа го освои и второто злато на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро.

Венгер го слуша само Боб Марли

Легендарниот француски менаџер изјави дека ужива додека го слуша регето на Боб Марли во секоја прилика и тоа му е инспирација во стресната работа.

Болт и Јамајка ќе бидат суспендирани?

Светската анти-допинг агенција (WADA) соопшти дека на репрезентацијата на Јамајка и се заканува суспензија од сите натпреварувања ако атлетската федерација не ја подобри допинг контролата.

Надувај ги, па победи ги

Кога фудбалерите одат на гостувања на некои стадиони се плашат од домашните хулигани, некаде проблем е климата, но најверојатно во Јамајка сите уживаат.