Националниот стадион во Кингстон е домот на фудбалската репрезентација на Јамајка. На овој стадион со капацитет од 36.000 гледачи Јамајка одигра едена неверојатна серија од 50 натпревари без пораз во периодот од 1995-та до 2001-та година.
Во тој период овој стадион го доби прекарот „канцеларија", затоа што фудбалерите на Јамајка се шегуваа со изјавите „никој не може да ти се прави шеф во твојата канцеларија".
Во што се крие тајната за нивниот успех на домашен терен? Некои велат дека тоа е лошиот терен кој има дупки и тревата не е секаде рамно поктастрена на целата површина, а некои велат дека причината за лошата игра на гостите е топлото време и неповолната клима.
Но некои велат дека тајната е во марихуаната. За време на квалификациите за минатото Светско првенство, фудбалерите од САД се пожалија дека додека го играле натпреварот над трибините се забележувал чад, а тие на теренот можеле да ја намирисаат марихуаната, а ова го потврди и еден репрезентативец на Јамајка.
„Велат дека кога ќе дојдат тука им мирисало на марихуана. Ќе ги надуваме, а потоа ги победуваме", се пошегува Ден Ричардс, член на репрезентацијата на Јамајка.