Венгер го слуша само Боб Марли

Легендарниот француски менаџер изјави дека ужива додека го слуша регето на Боб Марли во секоја прилика и тоа му е инспирација во стресната работа.

Со долгата листа на повредени играчи и теоретските шанси Арсенал да пројде во следната фаза од Лигата на шампионите, Арсен Венгер не е среќен во последните неколку недели. Сепак, Французинот откри дека инспирација за секојдневните тренинзи му е Боб Марли.
 
Во петочното интервју за Ле Паризиен, Венгер вели дека речиси цел живот ја слуша музиката на Јамајканецот.
„Да, ја сакам неговата музика и него како личност. Тој не бил фабрикуван, тој бил вистински, оригинален. Сакам луѓе кои не одат по конвенционални патеки и кои се на врвот поради нивниот талент. Така Рајмон Девос и Пјер Деспроже се мои омилени комедијанти“, вели Венгер.
Во интервјуто за францускиот весник, менаџерот вели и дека не ја открива својата смисла за хумор во јавноста.
„Вистина е, тоа е аспект на мојата личност што луѓето не ја знаат. Со мојата работа, често сум под стрес, така што можеби често делувам дека сум затворена личност. Но сакам да се смеам кога сум со пријателите кога хуморот испливува на површина, нешто што не го правам пред медиумите“.
На прашањето дали размислува да води некој друг клуб во иднина освен Арсенал каде што е 20 години, Венгер вели:
„Изглеа тешко, затоа што имам 66 години. Имам година ипол од мојот договор, ќе видам што ќе се случува. Чекор по чекор е поизгледно да биде во моментов“, констатира менаџерот на тимот од Северен Лондон.