Три собчиња за девет луѓе имало во местото каде растел Рахим Стерлинг. Растел во Меверли, еден од најопасните реони на Кингстон, главниот град на Јамајка. Денес таму е помирно, но пред 20-ина години секој ден бил многу опасен.
Прва „топка“ за играње на малиот Стерлинг му било шишенце од сок. За нормален фудбал семејството немало пари. Рахим можел да ја шутира флашата се додека не се слушне некој истрел на улиците. А често се слушал.
Во Меверли тргувале со наркотици и оружје. Уште од млади децата се здружувале во организирани банди и се бореле за превласт на улиците.
Кога Рахим имал две години, го убиле неговиот 29-годишен татко. Позадината на убиството никогаш не ја разоткриле, но неговите пријатели подоцна им раскажале некои детали на новинарите.
Убиениот татко на Рахим Стерлинг бил член на банда и тогаш одел на помен на три девојки, но се испоставило дека во погрешно време и место ја преминал границата на булеварот Вашингтон каде харала непријателска банда.
Таткото на Рахим Стерлинг се викал Филип Слејтер, а Рахим го добил презимето од претходниот маж на мајка му, Ерл Стерлинг, татко на полусестрата на Рахим. Така решила мајка му Надин. Таа била фризерка и била спремна да прифати каква било дополнителна работа за да го одржува семејството.
Во еден момент решила да преземе голем чекор од животно прашање и се преселила во Лондон за да заработува повеќе. Се вработила во дом за стари лица и дел од парите ги праќала дома во Јамајка.
Кога Рахим имал само три години, го чувала баба му. Таа и го воспитала: „Памтам колку им завидував на децата кои беа со нивните мајки. Не сфаќав што прави мајка ми за нас. Просто знаев само дека замина. Баба ми беше неверојатна, но на таа возраст сите сакаат да бидат со мама“, пиша Стерлинг во својата колумна за The Players’ Tribune.
„ИЛИ ЌЕ ЗАВРШИШ ВО ЗАТВОР ИЛИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА“
Мајка му Надин го преселила семејството во Лондон кога Стерлинг наполнил пет години. Три години менувале живеалишта поради скапа кирија додека не се снашле во една мала зграда на улицата Neeld Crescent каде живееле мигранти со африканско-карипско потекло.
Во овој сиромашен регион имало еден плус: на само неколку минути пешачење бил легендарниот стадион „Вембли“ а неговата култна арка која се протега по целите трибини, се гледала од домовите на овие мигранти.
Во прво време на Рахим не му било лесно:
„Културата многу се разликуваше, а ние немавме многу пари. Мама секогаш се трудеше да имаме сè што е најнеопходно, но тоа не беше баш како филмот ’Слаткиот живот на Зак и Коди’ (The Suite Life of Zack & Cody)“, раскажува Рахим, најдобриот стрелец на Англија на Евро 2020.
За да си го олеснат животот колку толку и децата ѝ помагале на мајка им на работа. Станувале во 5 наутро пред школо за да отидат со неа во хотелот каде работела како собарка и ги чистеле тоалетите. Децата се карале меѓу себе чиј ред е зошто многу поубаво било да се менуваат пеглани чаршафи.
Проблемот бил во тоа што Рахим како растел веќе не слушал никого освен мајка му. Бил многу немирен и проблематичен па го избркале од првото основно школо. Го интересирал само фудбалот на голем одмор.
Тогаш го преселиле во специјалното училиште Vernon House каде немало повеќе од шест деца во клас, со цел на секое да му се посвети поголемо внимание.
„Најтешко ми паѓаше во автобусот со кој не возеа секој ден на часови. Никогаш нема да заборавам како ги гледав од прозор децата кои можеа пешки да одат во школо и да се смеат на глас. Тешко ми беше зошто и јас сакав така. Сакав да бидам како сите други. Со мене се е во ред“.
Рахим се држел на страна од лоши друштва, но учителите сметале дека нема уште долго да издржи ако не почне да учи.
„На почеток на школото имаше проблеми со поведението. Беше многу опуштено дете чие невнимание понекогаш знаеше да се претвори во гнев. Кога имаше 10 години му реков дека до 17 или ќе игра за репрезентацијата на Англија или ќе заврши во затвор. Тоа беше остро. Не мислам дека тие зборови му беа пресудни во животот, но бев чесен со него. За него немаше златна средина. Он не сакаше да биде механичар или мајстор. Сакаше да стане познат “, раскажал еднаш за Daily Mail учителот Крис Бески од школото Vernon House.
Освен наставникот Крис Бески, на Рахим многу му влијаел и еден човек по име Клајв Елингтон. Тој исто живеел во реонот и се грижел за децата од социјално загрозени семејства. Играл со малиот Рахим снукер и го носел на викенд-екскурзии по Лондон.
Кога дознал дека Рахим обожава фудбал, го викнал во детскиот тим Alpha and Omega. На еден турнир играле против славниот Квинс Парк Ренџерс чиј директор на младинската школа Стив Гален од прва го приметил Стерлинг.
„Противникот имаше добри и лоши страни. Најдобар беше Рахим а најлош - сите останати. Победивме 6:5 а Стерлинг ги даде сите голови за нивниот тим“.
Во 2003-та година за 10-годишниот талент Рахим се бореле неколку клубови од Лондон. Тој сонувал да тренира во Арсенал но мајка му го спречила.
“Веќе бркав пријатели за да отидам во Арсенал но мајка ми се покажа прав борец и далековиден човек. Еднаш ми кажа: „Слушај, многу те сакам! Но мислам дека не ти треба да одиш во Арсенал. Таму ќе има 50 играчи кои се добри како и ти. Просто ќе бидеш еден од многуте. Треба да одиш таму каде ќе те приметат и ќе можеш да направиш друг чекор напред. Ме убеди да прејдам во Квинс Парк Ренџерс и тоа беше најдобро решение кое некогаш сум го донел“.
Во 2010-та година Ливерпул за 15-годишниот Рахим Стерлинг плати 1 милион фунти!
Тој уште не бил сигурен што прави во животот и кариерата, но мајка му го советувала да оди таму зошто во нивниот реон веќе почнале да се селат многу престапници и криминалци.
После две години Стерлинг дебитираше во големата Премиер лига за славниот Ливерпул.
ВО СЕЌАВАЊЕ НА ТАТКО МУ НА НОГА ИМА ТЕТОВАЖА ОД М16, ИМА ФОНД ЗА ПОМОШ НА ДЕЦАТА ОД СИРОМАШНИ СЕМЕЈСТВА
Рахим не може да побегне од минатото. Се труди секоја година да дојде макар еднаш во родниот град Меверли во Јамајка. Им помага на локалните жители со лекарства и храна за време на пандемијата и им помага на локалните школи.
И тоа не само со пари, туку и пооригинално. Во 2020-та година на учениците од едно школо во Меверли им подарил патики и чевли од брендот Clarks Originals кој е омилен на Јамајка уште од 1950-те години.
Во 2018-та во Англија се крена голема фама околу новата тетоважа на Стерлинг. Рахим решил на десната нога да истетовира оружје М16. Сите мислеле дека тоа е за некоја воинствена симболика, но тој изјавил:
„Кога имав две години, татко ми го убија и си ветив дека никогаш во животот нема да пипнам оружје. Истетовирав пушка на десната нога зошто таа тетоважа ми има длабоко значење“.
Тој има повеќе од 14 тетоважи и сите се поврзани со неговата биографија. Најпозната му е онаа на која мало дете во дрес со број 10 и топка во рака стои пред легендарниот Вембли.
Тој пораснал буквално на стотина метри од стадионот, во населба каде играл фудбал и возел ролери. Секој ден мечтаел еден ден да истрча на големиот стадион.
Има и тетоважи од неговите деца- малиот Тиаго и ќерка му Мелоди Роуз.
ж
Во интервју за магазинот GQ Рахим рекол дека смислата на неговиот живот е во воспитување на неговите деца: „Се трудам да им пружам татковска љубов која што јас ја немав. Мислам дека тоа им помага и мене ми помага да се чувствувам подобро“.
Следна цел му е отворање на фонд кој ќе им помага на децата од сиромашните семејства да стекнат образование и да се развиваат во иднина.
„Би го нарекол тоа инвестирање во луѓе кои се стремат кон успехот но ги спречуваат околностите“, заклучува Рахим кој вечерва со Англија ќе игра во полуфинале на Европско првенство 2020. На стадионот на кој како мал сонувал еден ден да истрча.