Таг: рахим стерлинг

Замислете коментатор да го стават братов

Стварно требаше да му ја подадеш. Вака само нервози му правиш на батево.

Него што правиме со слободниот удар на Стерлинг?

Челси го елиминираше Лестер и ќе игра полуфинале во ФА Купот против Манчестеер Сити. Рахим Стерлинг не беше меѓу стрелците, бидејќи нишанот му беше тотално изместен. Прво промаши пенал, а потоа изведе слободен удар за потсмев. Во Ла Манш ја најдоа топката.

Стерлинг на медицински прегледи во Челси

По седум години престој во Манчестер Сити и 4 титули во Премиер лига, Рахим Стерлинг се пресели на Стемфорд Бриџ. Договорот му е на 5 години, трансферот изнесува 47 милиони фунти, а хуморот за неговиот смешен стил на трчање ќе му дојде вака некако:

Добар си Стерлинг?

Рахим Стерлинг синоќа го даде петтиот гол за Сити после четирите комада на Де Брујн, ама имаше и една голема утка после додавањето на Фил Фоден, ама дуел еден на еден со стативата. Таа се стресе, а тој мака немаше.

Потоп во Лисабон, голчишта на Стерлинг и Бернардо Силва

Манчестер Сити стана прв клуб во историјата на ЛШ кој успеал во нокаут фаза да води со 4 гола разлика на полувреме. 0:5 славеа на крај, резултат по кој Спортинг нема што да бара на Етихад. За репитиција се головите на Рахим Стерлинг и Бернардо Силва.

Зошто судијата не гледаше ВАР на толку зборување за ВАР?

По беспрекорно организирано Европско, во средата вечер се случи прва голема судиска грешка која што ја изреволтира јавноста. Данска е грубо оштетена за непостоечки пенал и тоа среде продолженија.

Тешкиот пат на Рахим Стерлинг на кого на 2 години му го убиле таткото

Најдобриот фудбалер на англиската репрезентација на Евро 2020 имал мошне тешко детство кое во една прилика го опишал еден негов наставник. Денес е предводник на селекцијата од која што милиони очекуваат да стане европски шампион.

Не смееше да си дозволи Стерлинг ваква срамна утка

Ни фудбалерите на Манчестер Сити, ни Пеп Гвардиола, ни навивачите да не гледаат хајлајтс, особено не од второ полувреме. Во 86-та минута пукна невиден срам, откако Стерлинг направи епско промашување за 2:2. Несфатливо е ова.

Рахим, па дали знаеш колку ќе му значат?

Англија и Косово одиграа меч со дури 8 постигнати гола, а на крајот од дуелот во Саутемптон славеше домаќинот со 5-3. После натпреварот, Стерлинг даваше автограми на навивачите и израдува едно дете.

Видео од авионот на Англија кое не требале да го објават

Старите за вакви работи велат: Сега на кого му е поубаво, на прстот или на увото? Ние прашуваме: На кого му е погрдо, на Деле Али или на Стерлинг? Никогаш немаше да погодите дека вакви булшит работи може да се случуваат во авионот на „Гордиот Албион“.

Досуден најлудиот пенал откако постои Лига на шампиони

Сме гледале глуми на фудбалери подобри од професионални актери, ама вакво нешто уште не сме виделе. 24 минута од мечот Манчестер Сити - Шахтјор. Рахим Стерлинг се сопнува сам од земја а судијата свири пенал кој Габриел Жезус го реализира за 2:0.

Татко му на Стерлинг бил убиен па затоа Рахим истетовирал автомат

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Англија има неколку тетоважи, а последната му е автомат М16 на десната нога поради што на Островот се кренала голема врева.

Гол со газ

Манчестер Сити сезонава ги потури сите во Премиер лига со 83 гола и сигурно ќе има преку 100 на крајот на сезоната. Уште ваков им фали, како на Стерлинг на тренинг.

Промашување на сезоната од Рахим Стерлинг

Тимот на Барнли е меѓу ретките во последно време кој успеа да го сопре Манчестер Сити и да му земе бод (1-1). Но сè ќе беше подруго ако Стерлинг не промаши празен гол во 71’ минута при 0-1.

10 фудбалери кои не се родени каде што мислите

Во ера на глобализација, селење кое го имало од секогаш и често натурализирање на репрезентативци, не треба да се збуниме кога ќе прочитаме дека Игуаин не е роден во Аргентина, Роси не е роден во Италија, а Нани е роден во Република Зелен ’Рт. И кај нас има многу што не завршуваат на „ски“.

Жонглерските способности на Стерлинг на 15 години

На 7 години од Јамајка дојде во Англија и почна да игра фудбал во школата на Квинс Парк Ренџерс. Замина за Ливерпул каде играше 5 години, а летово стана најскапиот англиски фудбалер во историјата откако потпиша со Манчестер Сити за 49 милиони фунти.

Деби гол на Стерлинг, бомба на Пјаниќ

Рома и Манчестер Сити играат пријателски меч во Австралија. Најскапото засилување на Манчестер Сити од 49 милиони фунти ја начна мрежата од контра уште во 3 минута, а одговорот на римјаните стигнаа по 5 минути со неодбранлив проектил. Во второ полувреме 18 годишниот Нигериец Келечи Иначо ја врати предноста, а Рома повторни врати на атрактивен начин преку Љаиќ.

90 минути циркуз на Енфилд Роуд

Црвените конечно заиграа како лани и вчера вечер го декласираа Свонси со 4:1. Натпреварот го одбележија комични моменти од актерите на теренот, како и од оние што ја коментираа средбата. По триумфот, Ливерпул сега е осми со 28 бодови.

Најдобро тетовирани фудбалери

Ако фудбалерите од старата школа пуштаа бради и носеа џигерици, во последно време тешко е да се види фудбалер што нема макар една тетоважа.