Досуден најлудиот пенал откако постои Лига на шампиони
Сме гледале глуми на фудбалери подобри од професионални актери, ама вакво нешто уште не сме виделе. 24 минута од мечот Манчестер Сити - Шахтјор. Рахим Стерлинг се сопнува сам од земја а судијата свири пенал кој Габриел Жезус го реализира за 2:0.