ДЕЈВИД БЕКАМ
Еден од најпознатите мажи во спортот има впечатливи тетоважи по двете раце. Бекс се одлучил да ги исцрта сите професионални и животни достигнувања. Титули, љубовта, децата, грбот Манчестер Јунајтед, итн.
ДАНИЕЛ АГЕРДанецот по целото тело има истетовирано релјеф, на кои освен симболи на викинзите и цитати од Светото писмо има и напис „Смртта е сигурна, нејзиниот час не“. Верноста кон Ливерпул, Агер ја покажа со тетоважата YNWA (You''ll never walk alone) на неговиот зглоб. Агер е тетовиран дури и на дланките и прстите. Со поранешниот соиграч, Мартин Шкртел имаат највеќе тетоважи во целата Премиер лига.
СЕРХИО РАМОСДефанзивецот на Реал Мадрид на рацете ги има истетовирано трофеите од Светското Првенство и Лигата на шампионите, пехари кои ги освои. Покрај ликот и посветите за неговите родители, Шпанецот има тетовирано уште и орел и јапонски букви.
Највпечатлива е тетоважата која е посветена на жртвите од терористичките напади во САД на 11 септември 2001. и во Шпанија на 11 март 2004. година.
НАЈЏЕЛ ДЕ ЈОНГ
Освен по грубата игра, Холанѓанецот е препознатлив и по целосно тетовираните екстремитети. Покрај трајбл тетоважи, Де Јонг има цртано и мотиви од индонезиската традиција и култура. Неговиот тату мајстор, Аде Итамеда вели дека Де Јонг најмногу ги сакал тетоважите со воена тематика.
АРОН РАМЗИ
Англискиот репрезентативец се одлучи да се тетовира на левата нога, а во фокусот е тетоважата со свети Михаил, кој се смета за војвода на Господовата војска. Фудбалерот на Арсенал се одлучил за левата, а не за десната нога која му ја скршија за време на дуелот против Стоук во 2010-та година.
РАУЛ МЕИРЕЛЕШ
Фудбалерот на Фенербахче можеби е играч со најмногу тетоважи во европскиот фудбал. Не знае точниот број на неговите цртежи, а според него најзначајна му е таа на десната нога. Таму Меирелеш го истетовирал неговиот животен пат, кој ја вклучува Кулата на Киеричи (Torre dos Clerigos), која што е симбол на градот Порто, родното место на Меирелеш.
Покрај кулата од Порто, Меирелеш ја истетовирал и Султан Ахмедовата џамија од Истанбул, како португалската Фадо гитара. Позната му е и тетоважата со црвена телефонска говорница, типична за Лондон, каде Меирелеш играше за Челси.
ТИМ ХАУАРДГолманот на Евертон и САД е најтетовираниот фудбалер во екипата од Ливерпул и во репрезентацијата. На градите има портрет со неговите деца, како и логото на Супермен. Хауард има уште и тетоважа од мапата на Њу Џерси, како и слики од мајка му како млада и татко му во војничка униформа.
РАХИМ СТЕРЛИНГНапаѓачот на Ливерпул и Англија нема многу тетоважи како другите на листава, но она што го има на левата рака е одраз на неговата емоција кон детството во Лондон. Стерлинг израсна во западен Лондон, а тетоважата прикажува 10-годишно дете кое стои пред стадионот Вембли со натпис „Сонувам“.
СТИВЕН АЈРЛАНД
За да се комплетира тетоважата на фудбалерот на Стоук и Ирска требале 3 години. Ирецот има истетовирано ангелски крилја на грбот, а за цртањето вели дека никогаш не осетил таква болка. Немал намера да тетовира нешто друго, а вели дека треба уште да ги доработи крилјата.
ЈОВАН КОСТОВСКИ
Од нашите фудбалери, Јован Костовски има неколку тетоважи, а првата ја направи уште како играч на Вардар. Јове во моментов игра во белгискиот Леувен.