Од почетокот на Европското првенство кое УЕФА за првпат го организира во 12 града, немаше драстични судиски грешки и спорни одлуки кои влијаеа на резултатите. Но во полуфиналето, во мечот кој вреди пласман во големото финале се случи една спорна епизода.
При резултат 1-1 во 104’ минута од судиско продолжение, холандскиот судија Дани Макели досуди контроверзен пенал за Англија.
Се поставува прашање ако сите релевантни луѓе од фудбалот, стручњаци, тренери, селектори, поранешни судии и милиони гледачи сомневаа во исправноста на одлуката, зошто судиската четворка во ВАР собата не изрази сомнеж? Рахим Стерлинг веќе почна да паѓа уште до контактот со данскиот фудбалер, уште пред контактот со противничкиот играч.
МЕЧОТ ГО СУДЕА СУДИИ ОД ЗЕМЈАТА КОЈА ПРВА ТЕСТИРАШЕ, ВОВЕДЕ И СЕ ЗАЛАГАШЕ ЗА ВАР
Мечот Англија - Данска во полуфинале на Европско го судеа арбитри од Холандија, земја чија лига стана прва европска лига каде се користеше ВАР (го тестираа уште од сезоната 2012/2013).
На терен главен судија беше Дани Макели, во ВАР соба главен судија Пол ван Букел, негов прв помошник Кевин Блом. Покрај ВАР екраните горе во собата им помагале Германецот Кристијан Гителман и Полјакот Павел Гил.
ШТО СЕ СЛУЧИ ВО МОМЕНТОТ НА ПЕНАЛОТ?
Дани Макели беше во идеална позиција, поставен на совршен агол така што не му сметаа ни играчите околу Стерлинг. По падот на Рахим, Макели моментално покажа на белата точка што значи не сомневал во исправноста на решението.
Веднаш во ВАР собата десетина пати гледале повторена снимка но ништо не смениле и дури не барале од судијата да гледа повторена снимка.
„Многу дискутабилен пенал. Попрво не би го досудил, па после нека се прегледува снимка. Не сум сигурен дека би го свирел. Не на вака голем меч“, вели некогаш најдобриот европски судија, Англичанецот Марк Клатенбург.
ШТО КОНКРЕТНО ПИШУВА ВО ПРОТОКОЛОТ ЗА ВАР?
Има неколку важни точки кои се однесуваат конкретно на овој случај со пеналот за Англија:
- Судијата секогаш е должен да донесе решение во истиот момент, судијата нема право да остане во моментот без одлука, а после да користи ВАР за да донесе решение;
- Првичното решение кое го донел судијата не се менува, освен ако видео прегледувањето јасно покаже дека одлуката била ’јавна и очигледна грешка’;
- Бавните повторувања на снимката треба да се користат само за утврдување факти: на пример, положбата на напаѓачот, местото на фаулот, топката дали е вон теренот;
- Ако проверката на повторена снимка не укажува на ’јавни и очигледни грешки’ или ’важен пропуштен момент’, ВАР собата обично нема потреба да бара контакт со судиите - тоа е ’тивка проверка’. Меѓутоа понекогаш оваа врска со ВАР собата може да им помогне на судијата/помошникот судија да управува со играчите/мечот, ако ВАР потврди отсуство на ’јавна и очигледна грешка’ или ’важен пропуштен момент’.
- Судијата може да иницира проверка на ’јавна и очигледна грешка’ или ’важен пропуштен момент’ кога: ВАР (или други официјални лица на мечот) му сугерираат да прегледа повторена снимка, судијата сомнева дека нешто сериозно превидел
На сајтот на англиската Премиер лига има понародно објаснување: (во спорен момент) судијата го објаснува своето решение, ВАР објаснува што тие виделе. Ако мислењата им се различни, тогаш ВАР собата може да препорача прегледување видео снимка.
ЗАКЛУЧОЦИ
Дани Макели не сметаше дека погрешил, зошто го виде моментот пред себе со свои очи. ВАР судиите кои ја гледале повторената снимка со ’нормална брзина’ (не забавена), не виделе ЈАВНА и ОЧИГЛЕДНА грешка.
Можно е да се прашувале дали е фаул или глума. Проблемот е во тоа што само сомнежи не се доволна причина да се преиспита таквата одлука. Покрај тоа, тие исто ја видоа идеалната положба на Макели и му веруваа.