Кардиналот Анџело Скола, за малку Папа
Во Ватикан имаат изрека: „Оној кој ќе влезе во конклавата како Папа, излегува како кардинал". Човекот за кого сите очекуваа дека во март ќе ја добие највисоката функција беше кардиналот Анџело Скола од Милано. Само што белиот чад се подаде од Систинската капела, италијанските бискупи издадоа соопштение во кое му честитаат на Скола за изборот. Неколку минути подоцна, на терасата се појави папата Францис. Упс! Причината зошто тој не би избран, меѓу другото, се припишува на неговите досадни говори во предизборјето, како и во малата верба кај некои од кардиналите дека тој ќе излезе на крај со дисфункционалната бирократија која владее во Ватикан.
Минди Крендал, несудената добитничка на 590 милиони долари на лото
Минди веројатно никогаш повеќе нема да биде фина кога чека во ред - заради ваквата нејзина доблест добивката од 590 милиони на американската Пауербол лотарија ја добила 84-годишната Глорија Мекензи, која дури и ѝ се заблагодарила во изјавата за медиумите. Крендал пак објасни дека морала да ја пушти преку ред, не толку од обѕири кон годините на Глорија туку затоа што децата ѝ биле немирни па ѝ требало време да ги смири во локалниот супермаркет. Сепак рекла дека не жали за настанот, бидејќи „понекогаш е подобро да се биде трпелив отколку во право". Аха.
Ко-основачот на Твитер Ноа Глас, со О центи од продажбата на компанијата
На 7. ноември, првиот ден како јавна компанија на њујоршката берза, Твитер беше проценет на околу 31 милијарда долари. Продажбата создаде дузина милионери и најмалку двајца милијардери - со-основачите Еван Вилијамс и Џек Дорси. Сепак, еден од луѓето одговорни за самото создавање на Твитер остана без цент. Ноа Глас, софтвер инженерот кој е наводно и кум на платформата, на чиј лаптоп оригинално функционирал сајтот, бил исфрлен од фирмата набргу по стартот на Твитер. Според книгата Hatching Twitter на новинарот Ник Билтон, Глас бил отпуштен од Вилијамс во 2006, по барање на Дорси. Глас, а.к.а @noah ретко го користи неговиот пронајдок. Неговиот последен твит е постиран во септември, пред продажбата, и е импресивно благонаклон: „Му посакувам на тимот на Твитер сè најдобро и верувам дека ќе имаат успех во развивањето на ова значајно комуникациско средство".
(препорака за фино филмче на оваа тема - Clear History)
Дежурните во Сенатот на САД, затоа што им се паднала погрешна смена
Младите сенатори од мнозинската партија во САД како „гуштери" имаат задача да присуствуваат на седници за да стекнат искуство со конгресните процедури. Но оваа привилегија може да стане товар, особено ако во текот на вашата „смена" ви се погоди некој маратонски говор. На крајот на септември оваа година тексашкиот сенатор Тед Круз мина 21 час и 19 минути на говорницата, како протест против потписот на Обама на новите закони од областа на здравството, познати како Обамакер. Епскиот монолог на Круз кој вклучувал извадоци од детски книги и имитации на Дарт Вејдер морале да ги слушаат најголемите малери меѓу помладите демократски сенатори на кои им се паднало ноќното дежурство - Крис Марфи од Конектикат, Брајан Шац од Хаваи и Тами Волдвин од Винсконсин. Сиротиот Шац бил дежурен и во март, кога републиканецот од Кентаки Ранд Пол зборувал 12 часа и 52 минути за домашното следење, иако неговиот говор завршил во релативно цивилизирано време, после полноќ.
Денис Фарина, заради лошо темпирана смрт
Некои луѓе едноставно бираат лош ден да умрат. Познат под различни карактерни улоги, овој актер кој почина на 22 јули на 69 годишна возраст можеше да се надева на барем малку внимание од медиумите. Тој дури не ни почина во ист ден со друга, пославна личност, на која може да и љубомори. Неговиот малер - умре на истиот ден кога се роди принцот Џорџ од Кембриџ.
Ерик Нoри, заради оптимизмот
Неговиот малер за оваа година е дека за малку бил убиен од ајкула на Бахамите. Но титулата „најмалер на свет" му е доделена откако се разбрало дека тој во животот бил и удрен од гром, каснат од змија и нападнат од мајмуни - два пати.
Нори е благодарен на Бога за искуствата и вели: „Знам дека од ова ќе излезе нешто добро. Тоа е дел од мојот пат".