Во македонскиот е тешко да се направи разлика помеѓу „среќен“ (некој кој ужива внатрешна благосостојба), и некој кого го следи, односно „има среќа“, како нешто што доаѓа од надвор и е вон човечка контрола. Но затоа за спротивното имаме збор - малер. Дали ова значи дека Македонците се песимисти, па повеќе се фокусираат на лошото? И дали воопшто постои објективен критериум за обете?