Запознајте го Рик Ви - најголемиот малер на светот. Малезиецот 30 години навива за Евертон и конечно нашол време и пари за да отпатува за Англија и во живо да може да проследи еден натпревар на своите миленици.
Тој поминал повеќе од 11.000 километри и вчера пристигна во Ливерпул за натпреварот против Кристал Палас. Негова прва дестинација беше Гудисон Парк по што возбудениот Малезиец се пофали на својот Твитер профил.
Finally, 30 years since supporting @Everton, will b watching EFC "live" for 1st time. @MyToffees pic.twitter.com/bC6mY5meT8
— RW (@ric_wee) February 12, 2014
Но Рик доживеал голем шок на 45 минути пред почетокот на натпреварот кога заради силното невреме и неколкуте оштетени објекти во околината, официјалните лица решија да го одложат дуелот против Кристал Палас.
Сепак оваа сторија има и среќен крај. Приказната за малерот од Малезија бргу се прошири на социјалните мрежи, а Евертон покажа дека е голем клуб кој знае како треба да ги третира своите навивачи.
Our Malaysian friend meets Roberto & Baines. Happy we've been able to put a smile on @ric_wee's face. pic.twitter.com/OjKFFOU72r
— Everton (@Everton) February 12, 2014
Вработените во клубот бргу го пронајдоа Малезиецот и го одведоа во хотелот каде беа сместени фудбалерите и тој имаше шанса да се сретне со играчите и тренерот Мартинез, а си доби и неколку подароци од клубот.
Everyone had time for @ric_wee tonight. He went away with some special gifts. pic.twitter.com/y0Cc2LIT7M
— Christine Prior (@efc_christine) February 12, 2014