Најмалерозниот фудбалски тим од Перу

Три глупости го чинеше три порази предпоследно пласираниот тим од првата лига во Перу, Унион Комерсијо. Сите овие киксови за паметење им се случија за две недели, а нивниот голман неодамна си најде место во нашата рубрика Офсајд лик.

Фудбалерите на Унион Комерсијо дефинитивно ќе завршат на некоја најавна шпица за најсмешно видео инсерти и во колекција со видеа каде царуваат киксовите на фудбалските терени. Се започна на 11 август кога нивниот голман Хуан Флорес непотребно ја тупеше во својот шеснаесетник, а тоа го плати на следниот начин.

Веќе следното коло на сцена стапи дефанзивецот Ренцо Реањос со овој "спектакуларен" автогол за кој му фати сеир цел свет.

И на крај како шлаг на јаготката се појави и овој недозволен трик со две топки кои им го приредија фудбалерите на Леон де Хуанико. Во последниов случај не се виновни играчите на Унион, но ниту еден од нив не се сети да протестира кај судиите.

По овие чудесни потези поради кои фудбалерите на Унион имаат три порази во низа очајниот тренер Едгас Оспина изјави дека неговиот тим заслужува да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

27 август 2013 - 18:16