Прв инцидент на ЗОИ, норвешки скијач со хеликоптер го однесоа во болница

Фредрик Мелер доживеа тешка повреда при пад во спуст, на првиот тренинг во пресрет на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, кои официјално стартуваат во петок.

Инцидентот се случил на патеката „Стелвио“ во Бормио, која се смета за една од најтешките патеки во светот. 

25 годишната норвешка ѕвезда се движел со 120 км на час и загубил контрола на кривина.

Медицинскиот тим веднаш му пружи помош и го префрли во болница каде му е дијагностицирано исчашено рамо.

„Фредрик претрпе исчашено лево рамо. Третманот помина добро, а медицинскиот тим ќе започне со понатамошна рехабилитација. Тој нема други повреди“, рече докторот на националниот тим Тронд Флобергхаген.

Мелер се сметаше за еден од кандидатите за златен медал, откако победи на најновиот натпревар во супер-џи на Светскиот куп на истата патека во 2024 година.

Засега не е познато дали ќе може да настапи на игрите. 

Почнуваат Зимски Олимписки Игри 2026

Што е тоа Скимо? Новиот спорт на Олимпијадата во Италија

5 февруари 2026 - 12:56