Алпите ќе бидат домаќин на Зимски олимписки игри првпат после 20 години. Ова ќе биде 25. издание на ЗОИ а Италија ќе биде домаќин на околу 3.500 спортисти кои ќе се борат за медали во 116 дисциплини во текот на 19 дена од 6-ти до 22-ри февруари.
Зимските олимписки игри почнуваат официјално во петок со свеченото отворање иако првите натпревари ќе се одиграат две вечери претходно во мешани двојки во карлинг.
КАДЕ ЌЕ БИДЕ СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ?
Свеченото отворање ќе се одржи на повеќе локации. Главниот, централен дел од церемонијата ќе се одвива на култниот стадион „Сан Сиро“ во Милано кој има капацитет од 80.000 места.
Истовремено церемонии на отворање ќе има и во Предацо, Ливињо и легендарната Кортина д'Ампецо каде репрезентациите ќе се дефилираат во зоните на своите натпреварувања.
На церемонијата ќе има и бројни музички познати изведувачи меѓу кои и американската поп ѕвезда Мараја Кери.
КОИ ГРАДОВИ СЕ ДОМАЌИНИ?
https://youtu.be/xVka_iW5GTk?si=n6SPmNtxUDZCWunq
Натпреварите ќе се одржуваат во две главни зони - во Милано кој е втор најголем град во Италија и во ексклузивниот монденски зимски центар Кортина, во центарот на Доломити.
Зимските олимписки игри ќе се одржат во Милано, Валтелина (Бормио, Вал ди Сото, Ливињо), во Кортина (Антерселв/Антхолц) и Вал ди Фиеме (Предацо, Тезеро).
Верона ќе биде град-домаќин на затворањето на ЗОИ како и град-домаќин на отворање на Паралимписките игри на 6-ти март.
Во Милано ќе се одржуваат најинтересните спортови односни хокеј на мраз, брзо и уметничко лизгање. Планинските дисциплини се распоредени во неколку познати зимски центри ширум северна Италија.
Женското алпско скијање ќе се одржува во Кортина Д'Ампецо, машкото алпско скијање во Бормио, сноуборд во Ливињо, бијатлон во Антерселва, во Јужен Тирол а скијачко трчање во Вал ди Фиеме.
Италија по четврти пат во историјата ќе биде домаќин на Олимписки Игри кои ги одржауваше во 1956-та и 2006-та (Зимски) и во 1960-та (Летни).
Игрите ќе покажат дали квалитетот на избраната спортска инфраструктура е доволен за Италија да стане светски центар за зимски спортови.
Покрај традиционалните спортови алпско скијање, уметничко лизгање, хокеј на мраз и скијачки скокови, интересни ќе бидат и дисциплините во сноуборд како слопестајл, биг-ера, халфпајп.
Нова дисциплина на Зимски Олимписки игри ќе има ски-аплинизам (скимо) - спринт трки за мажи и жени како и во мешана штафета.
Тука ќе бидат и стандардните бијатлон, боб, крос-кантри, карлинг, санкање, нордиска комбинација, брзо лизгање, скелетон...
КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИ ЅВЕЗДИ?
Американката Линдзи Вон со 41 година ќе биде една од највозрасните натпреварувачки на ЗОИ2026. Таа неодамна се повреди незгодно на натпревар од Светски Куп но ќе биде учесник на Игрите и ќе ги предводи САД.
Тука покрај неа се уште и Микаела Шифрин, Клои Ким како и шампионот во уметнички лизгање Илија Маљинин.
Во скијачки скокови фаворити нормално се Домен Превц, шампионот на овогодишната турнеја „Четири скокалници“ како и Јапонецот Рјоју Кобајаши. Кина најголема надеж полага во двократната олимписка шампионка во слободен стил Ајлин Гу.
Од НХЛ ѕвездите во хокеј на мраз во Италија доаѓаат речиси сите големи играчи а меѓу нив и Сидни Крозби (38) од Канада.
КОИ СЕ ФАВОРИТИ ЗА ЗЛАТО?
Норвешка, земјата број 1 по број на медали на претходните Зимски Олимписки игри повторно се смета за најголем фаворит. Ним најголема конкуренција ќе им бидат САД, Кина, Германија и Канада.
Со околу 47% жени-олимпијки и рекордни 50 женски дисциплини ЗОИ во Милано-Кортина ќе бидат најврамнотежени Зимски игри некогаш одржани.
КОЛКУ ОЛИМПИЈЦИ ЌЕ ИМА МАКЕДОНИЈА?
Македонскиот олимписки комитет (МОК) го соопшти конечниот список на натпреварувачи кои ќе ја претставуваат земјава. Тоа се четворица олимпијци и олимпијки: Ана Цветановска (норидско трчање спринт и интервал старт 10км), Ставре Јада (дисциплини спринт и интервал старт 10 км), Јана Атанасовска (слалом и велеслалом) и Виктор Петков (велеслалом)
РУСИЈА ПОД НЕУТРАЛНО ЗНАМЕ И ИМЕ
Руските олимпијци ќе учествуваат на ЗОИ2026 во неутрален статус. Под капата на МОК (знаме и химна) ќе се појават 14 руски олимпијци: Петр Гуменик, Аделија Петросјан (уметничко лизгање), Савелија Коростелев и Дарија Непрјаева (брзо лизгање), Никита Филипов (ски-алпинизам), Иван Посашков, Алена Крилова (шорт-трек), Ксенија Коржова, Анастасија Семенова (брзо лизгање), Павел Репилов, Дарија Олесик (санкање), Семен Ефимов и Јулија Плешкова (алпско скијање).
Инаку вкупно ќе има 61 Руски олимпијец но многумина од нив ќе бидат натурализирани или се деца на родители кои мигрирале во други земји.